Скопје
Дел од Аеродром утре без струја
Поради планирани прекини во електро снабдувањето утре, без електрична енергија ќе биде дел од Аеродром.
· Во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците во Управа за контраразузнавање, Тодор Александров и Славејко Арсов во општина Аеродром ќе немаат струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Салата „Работнички“ ќе блесне во ново руво, Герасимовски вети стандарди според ФИБА
Општина Центар информира дека реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Градскиот парк се одвива во полн ек. Посочуваат дека изминатата недела е демонтиран кровот и ќе се постави нов кров и нова фасада.
„Во првата фаза до месец март планираме да поставиме нов кров и фасада, како и комплетно реновирање на канцелариските простории кадешто беа сместени спортските федерации. Новитет е тоа што ќе го прошириме теренот, ќе се постави нова еластична подлога и подно греење, а целиот простор ќе се климатизира. Ќе бидат поставени нови инсталации за електрична енергија, современо осветлување и водовод. Наместо досегашните бетонски клупи ќе поставиме 891 седиште“, информира градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Градоначалникот на Центар истакнува дека култната сала, која е симболот на Скопје, ќе биде реконструирана според највисоки стандарди за квалитет и согласно стандардите и процедурите на ФИБА.
Спортската сала Работнички ќе биде енергетски ефикасна со што, како што наведуваат од Општината, значително ќе се намалат трошоците за енергија.
„Го враќаме сјајот на Работнички, покрај реконструкцијата на гледалиштето, предвидено е и обновување на туш кабините, поставување нова опрема, кошови и друга потребна инфраструктура“, вели Герасимовски.
Салата Работнички се реконструира за првпат по 50 години.
Скопје
Стефковски: Зимските екипи од ноќва го чистат снегот
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи инфоримраше дека поради снегот службите на локалната самоуправа делуваат на терен.
„Ноќва во 03:00 часот ме информираа дека на делови во општината има врнежи од снег по што ги задолжив екипите да излезат и да делуваат на терен. Веќе три часа во тек се активности за расчистување на снегот од улиците во планинскиот дел на општина Гази Баба. Сол и ризла се фрлени на пристапните улици до Раштак, Булачани, Црешево, Смилковци, Виниче, Страчинци и Брњарци. Едноставно, сите утврдени кризни точки се опфатени! Безбедноста на граѓаните е наш приоритет! Кризниот штаб ќе продолжи да делува на терен се додека тоа е потребно“, напиша Стефковски.
Скопје
До вторник ЈСП Скопје ќе вози по неделен возен ред
Од денеска до вторник возилата ја ЈСП Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот, информира Јавното сообраќајно претпријатие.
– На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред.
– На ден 7.01.2025 год. (вторник) Божик, ќе се работи по неделен возен ред.
Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Зелен пазар.
Жичницата на 4.01.2025 год. (сабота) и 7.01.2025 год. (вторник) Божик ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.