Скопје
Делови од општините Центар и Карпош без струја
ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Славејко Арсов (кај Вју Ин Хотел) во општина Центар и
– Од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Ловќенска 1, 2 , 3 и 9 во општина Карпош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
„Скопјани се жртва на политички игри и меѓусебните инаетења на ДПМНЕ и Арсовска“: СДСМ има план во три точки за да се реши кризата
„Катастрофално лоша е состојбата во Скопје. Нема градски превоз, смет и нечисти улици на сите страни, ниту основните услуги граѓаните не можат да ги добијат. Реално Скопје се наоѓа во голема криза“, велат од СДСМ.
„Скопјани се жртва на политички игри и меѓусебните инаетења на ДПМНЕ и Арсовска.
Нема ни М од модерно Скопје кое го ветуваа и со кое бараа доверба од граѓаните, нема ништо од нивните ветувања пред изборите. На Скопје му ја приредија најголемата катастрофа после земјотресот.
Наместо да водат политичка војна врз грбот на граѓаните треба да преземат одговорност.
Не може министрите во Владата на Мицкоски да се возат во скапи службени коли а граѓаните да се оставени да одат пешки. Не може власта да го игнорира главниот град.
Советничката група на СДСМ и коалицијата иницираше и поднесе Барање за вонредна седница.
На седницата ќе предложиме конкретни мерки кои очекуваме заеднички да ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните на Скопје.
Потребно е обединување заради интересите на скопјани.
Доколку и овој обид за заедничка акција биде опструиран, ќе го преиспитаме нашето учество во Советот“, соопшти СДСМ
Скопје
Дел од неколку општини без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека имаат планирано неколку прекини со водоснабдување и тоа:
– поради уличен дефект ф-250мм на ул. Џон Кенеди бб (пред пензионерскиот дом), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Топанско Поле-висока зона.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Чаир)
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Тетовска 33, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. (општина Центар)
– поради изведување на водоводен приклучок од ф-2“ на ул. Салвадор Аљенде, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучувајќи ги Амбасадите на Република Франција и Британија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Шуто Оризари)
Македонија
Курто Дудуш организира протест поради хаосот со градскиот превоз: Да ѝ пренесеме порака на градоначалничката
Градоначалникот на скопската општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот в петок од 13 часот пред канцелариите на Град Скопје поради хаосот со јавниот градски превоз.
„Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, Општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на општина Шуто Оризари пред Град Скопје и ги повикува сите граѓани на Скопје да се приклучат“, вели Дудуш.
Тој ги повика сите засегнати граѓани, ученици, студенти, работници и пензионери да бидат дел од протестот, кој, како што вели, „во моментот ни е крајно решение за да ни се реши проблемот со кој две години живееме во Шуто Оризари и во Скопје“.
„Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните, кои треба да користат приватен превоз, туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на учениците и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица“, додава градоначалникот на Шуто Оризари.