Скопје
„Комунална хигиена“ најави акција за миење на контејнерите за ѓубре во Скопје

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ најави дека дека почнува акција за миење на контејнерите за отпад и локациите, каде што тие се поставени.
Оваа акција ќе опфати детаљно чистење на контејнерите, како и на околното подрачје, со цел да се задржи високо ниво на хигиена и да се подобри изгледот на јавните површини. Покрај тоа, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вршат и активност за рачно и машинско миење на улиците и булеварите во сите општини на градот. Овие активности ќе се реализираат со помош на специјализирани автоцистерни, кои ќе се користат за ефикасно чистење на асфалтот и другите јавни површини. Акцијата ќе се спроведува етапно и редоследно со цел да се постигне максимална покриеност и квалитет на изведување на работите, информираат од претпријатието.
Од таму нагласуваат дека сите активности за одржување на хигиената на јавните површини се спроведуват во согласност со оперативниот план за одржување на јавната чистота на град Скопје со цел да се обезбеди чиста и уредна средина и да се подобри квалитетот на живот на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)