Скопје
Нова ИТ-опрема во училиштата во Карпош
Во рамки на Програмата за активностите од областа на образованието при Општина Карпош, денеска, во ООУ ,,Димо Хаџи Димов”, градоначалникот Стевчо Јакимовски, на секое училиште додели целосно нова ИТ опрема. Осовременувањето на наставата со нагледни и дидактички материјали е вистинска потреба во денешно време. Новите училишни програми, налагаат секое училиште да има услови за работа, современи техники при изучување на предметите како и користење на нови приоди во учењето на наставните единици.
Имено, локалната самоуправа, за оваа намена издвои 1.5 милиони денари, а набавени се 17 смарт табли (интерактивна табла, проектор, држач и кабел), шест преносливи компјутери, пет ЛЦД проектори, еден ласерски печатач во боја, едно платно за проекција ѕидно со монтажа, две ламинатор А3/А4 формат, десет сета од тастатура со глувче, четири надворешни уреди за складирање и две А3 портабл 3Д скенер.
Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски во својот говор истакна дека освен реконструкцијата на училиштата, потребно е и нова ИТ опрема, за целосно дигитализирање на училиштата на територија на Карпош.
-Ќе се потрудиме во секое училиште да набавиме околу 30 нови компјутери, а училниците во кои се изучува предметот компјутерски науки да добијат најсовремени компјутери. Останува да набавиме уште 128 смарт табли, или смарт телевизори, но сите ученици од трето па до деветто одделение, ќе имаат можност да креираат на смарт табли или телевизори. Ова го правиме се со цел, децата уште од најмала возраст да се запознаат со електронските уреди затоа што ова е електронска доба, па така, добро е ние да сме во чекор со овој тренд. Покрај ова, веќе во седум училишта имаме фотоволтаични системи, бидејќи овие смарт табли и телевизори ќе ја зголемат потрошувачката на електрична енергија, а овој систем ќе помогне да имаме пониски сметки за струја преку целата година. – посочи Јакимовски.
Задоволство е да се престојува во училиштата во Општина Карпош, во кои хигиената и современите услови се на највисоко ниво. Целосно опремени училници по природни науки, хемија, биологија и физика, кабинети од кои излегуваат првенци на генерација со освоени награди на државни и меѓународни натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Општина Центар: Се отстрануваат паднатите дрвја кај училиштето „Киро Глигоров“
Општина Центар информира дека во моментот екипите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на отстранување на двете паднати дрвја во близина на ООУ „Киро Глигоров“.

Улицата е непроодна за возила додека не завршат активностите, а се очекува дрвјата да бидат целосно отстранети во рок од еден час.




Македонија
Герасимовски: Во Центар одлучуваат граѓаните, во вторник заедно го креираме буџетот за наредната година
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува сите жители на општината да учествуваат на првиот буџетски форум за 2026 година, кој ќе се одржи во вторник, 28 октомври, во ООУ „Киро Глигоров“ со почеток во 19.30 часот.
Овој форум претставува можност граѓаните активно да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет, да даваат предлози и иницијативи со што ќе придонесат за подобар и поквалитетен живот во општината.
„Заедно со граѓаните, во изминатите четири години реализиравме голем број успешни и квалитетни проекти, а така ќе биде и во наредните четири години. Ги поканувам граѓаните со своите предлози, идеи и размислувања да се вклучат во дефинирањето на приоритетите што ќе придонесат за развој на локалната самоуправа,“ порача Герасимовски.

На буџетскиот форумот ќе учествуваат раководителите од општинската администрација, претставниците на месните и урбани заедници, претставници на невладиниот сектор, и сите жители што сакаат да учествуваат во планирање на општинскиот буџет.
Општина Центар останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесување на клучните одлуки, со цел да се обезбеди транспарентност и отчестност, но и за да се задоволат реалните потреби на заедницата.
„Ги поканувам сите центарци да присуствуваат на форумот. Гласот на граѓаните е важен, секоја иницијатива е добредојдена, бидејќи сите заедно сме одговорни за животот во нашата општина,“ додаде Герасимовски.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)

