Македонија
Словенија демантира дека имало дефект на пругите и дека побарала Македонија да ја затвори границата со Грција
Словенија не побарала од Македонија да ја затвори границата со Грција за мигранти и демантира дека имало било каков дефект на железничкиот сообраќај во Словенија, како што соопштија во средата од македонското Министерство за внатрешни работи кое извести дека Македонија ќе го редуцира бројот на мигранти на границата со Грција.
Амбасадата на Словенија во Македонија испрати демант до медиумите во кое се вели дека железничкиот сообраќај се одвива непрекинато и сега и во претходните денови. „Република Словенија не побарала од Република Македонија да ја затвори границата со Грција. Индикациите дека тоа сме го направиле, поради тешкотии во словенечката железничка мрежа се погрешни. Железничкиот сообраќај во Словенија се одвива непрекинато, така беше и во претходните денови. На пругите нема, ниту имаше непланирани прекини во изминатите денови, кои би оневозможиле транспорт на возовите, а „Словенске железнице“ и понатаму обезбедуваат непречен транспорт на возовите со мигранти, како што е договорено со Министерството за внатрешни работи на Република Словенија“, се вели во демантот. Од Министерството за внатрешни работи пак велат дека тие добиле известување дека на меѓународната пруга во Словенија има дефект и дека има потреба Македонија да го редуцира пропуштањето на мигранти. Во четврток, до Министерството за внатрешни работи стигнало известување од Србија во кое се бара освен досегашните документи кои би требало да ги поседуваат мигранттие, од нив да се бара и документ во којшто ќе биде прецизирано во која држава бараат азил. Македонија според дописот, ќе треба да ги пропушта само мигрантите кои бараат азил во Австрија или во Германија. Ова известување било испратено последователно од Австрија на Словенија, од Словенија, на Хрватска, од Хрватска на Србија, и од Србија на Македонија.Во дописот пак којшто го испрати Словенечката амбасада во Македонија се вели дека Словенија веќе една година повикува кон создавање на заедничко европско решение, бидејќи отсуството на истото на северот и на југот на Европа, предизвикува донесување на еднострани мерки, кои не го решаваат изворниот проблем, ограничување на миграциите. „Имено, миграцискиот тек e сè уште силен – во Словенија секој ден влегуваат и до неколку илјади мигранти – на работ на Европа на влез чекаат повеќе милиони различни мигранти, напролет па се очекува овој миграциски тек да се интензивира. Грција е еден од клучните играчи при справувањето со миграцискиот тек, затоа мораме да ѝ помагаме, според зборовите на словенечкиот премиер, да ги спроведе сите договорени мерки за справување со околностите“, се додава во соопштението. Пред неколку дена словенечкиот премиер, Миро Церар испратил писмо со иницијатива до лидерите на Европската унија, дека треба на македонско-грчката граница да се воведе дополнителна контрола врз миграцискиот тек, при што земјите од ЕУ би ѝ ја нуделе на Македонија сета неопходна помош во спроведувањето на граничната контрола.Оттаму појаснуваат дека Словенија бара државите од Европската унија да реагираат заедно за проблемот со мигрантите како и усогласено делување на сите држави на миграцискиот пат.„Прашањето за враќање на мигрантите во државите од западнобалканскиот пат, може да ги засили билатералните проблеми и конфликти помеѓу овие држави, затоа е значајно ЕУ државите на предизвиците поврзани со миграциите да реагираат заедно. Таквото решение би овозможило нормален прием на оние, кои ги исполнуваат условите за влез во Унијата, а на останатите мигранти би можеле да им помогнеме поблиску до нивните земји на потекло“, истакнал во писмото словенечкиот премиерот Церар.И министерката за внатрешни работи на Република Словенија, Весна Гјоркос Жнидар вчера ја нагласила потребата за усогласено делување во сите држави на миграцискиот пат. Ако една држава ја затвори границата, предупреди дека другата држава ќе има џеб. При ограничувањето на прифаќањето мигранти во Германија и Австрија, за Словенија е значајна соработката со Хрватска. Не можеме да примиме било какви обврски кон Австрија, без за тоа да се усогласиме со Хрватска“, изјавила Министерката./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.
Македонија
Ангелова: Измените на Кривичниот законик се клучни за посилна заштита на жените од насилство и зголемување на сообраќајната безбедност
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани.
„Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон враќање на правната сигурност, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Со него државата јасно ја испраќа пораката дека корупцијата, злоупотребата на службената положба, организираниот криминал и насилството нема да бидат толерирани, ниту релативизирани преку законски празнини и непропорционално благи санкции“, рече Ангелова.
Пратеничката посочи дека ќе се постигне подобра заштита на приватноста на граѓаните, безбедност во сообраќајот, посилна заштита на жените од семејно насилство како и јасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки.
„Со предложеното решение ќе се постигне враќање на превентивната и репресивната функција на казненото право особено кај делата злоупотреба на службена положба, организиран криминал и корупција. Јасна и ефикасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки, подобра заштита на приватноста и достоинството на граѓаните, посилна заштита на жената од насилство,семејно насилство со гонење по службена должност во согласност со Истанбулската конвенција, подигнување на безбедноста во сообраќајот преку поостри санкции. Се зголемува и јавната безбедност на патиштата“, вели Ангелова.
Пратеничката Ангеловска се осврна на клучните поенти за жените истакнувајќи дека со овој предлог-закон жената е заштитена од дигитално насилство, од семејно насилство, а со тоа постигнување на реална заштита и сигурност на жената во државата.
„Посилна институционална заштита од насилство врз жените и семејно насилство со гонење по службена должност државата ја трга одговорноста од жртвата и јасно застанува на страната на жената. Заштита на приватноста и телесниот интегритет на жените, инкриминирање на злоупотребата на интимни снимки директно ги штити жените од уцени дигитално насилство и јавно понижување. Европски стандарди, европска заштита за жените законот директно ги имплементира европските и меѓународните обврски и ја позиционира како партнер во борбата за еднакви можности и човекови права“, рече Ангелова.

