Македонија
Со рециклирање отпад ќе се отворат нови работни места
Неделата за помалку отпад се одбележа во вторник во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
ЕУ Недела за помалку отпад, трае од 22 до 30 ноември, а нејзина цел е да се подигне свеста за придобивките од селектирањето и рециклирањето отпад, решавање на моменталните проблеми со општинските депонии и неорганизираното фрлање отпад.
Во организација на еколошката невладина организација Гоу Грин, со поддршка на Цементарница Усје АД Скопје и Француската амбасада, денеска беше презентирана програмата за Недела за помалку отпад во Македонија и се потенцираше потребата од развивање на стратегија за циркуларна економија.
Со усвојување на целите од документот за циркуларна економија ќе се овозможи отворање на над 580.000 нови работни места во Европската унија. До 2030 година, ЕУ планира рециклирање на 70% од комуналниот отпад и 80% од отпадот од пакување.
„Имајќи предвид дека отпадот во Македонија е сериозен еколошки проблем, пристапот што го предвидува документот за циркуларна економија на ЕУ дава одлично решение за решавање на овој еколошки проблем и нуди огромни можности за македонската економија. Компаниите добиваат нов алтернативен начин да обезбедат ресурси и енергија по пониски цени и со тоа да ја зголемат нивната конкурентност, а воедно и се намалува побарувачката за скапи и ограничени ресурси. Токму затоа ние преку нашите активности сакаме да ја зголемиме свесноста за концептот на циркуларна економија и потенцијалот на отпадот кој нуди решение за еден голем еколошки проблем кај нас“, истакна Антонио Јовановски од невладината организација Гоу Грин.
Република Македонија има проблем со нестандардизираните општински депонии каде завршува околу 70% од отпадот (490,000 тони годишно), а останатите 30% завршуваат на непознати локации, најчесто долови, реки и покрај патишта, според податоците од Националниот план за управување со отпад на РМ 2009-2015.
„Во Република Македонија моментално се собира околу 30.000 тони амбалажен отпад, а тоа претставува 35% од количеството што би требало да се собира во 2020 година. Според постоечката легислатива, Република Македонија има за цел да рециклира 60% од отпадот од пакување до 2020 година“, изјави Ана Мазневска Каранфиловска од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Цементарница Усје АД Скопје во континуитет подржува активности чија цел е подобрување на животната средина и имплементирање на трајни напредни решенија.
„Во Цементарница УСЈЕ спроведуваме активности и практики кои што се во целосна согласност со заштита на животната средина и придонесуваат за унапредување на заедницата и квалитетот. Технолошкиот процес во УСЈЕ не генерира отпад, а повеќе од 70% од отпадот од одржуивање на опремата и секојдневните активности на вработените се селектираат со што се овозможува рециклирање и повторна употреба на повќе од дваесет различни фракции на отпад. Групацијата Титан чија членка е и УСЈЕ, во своите фабрики во земји членки на ЕУ има позитивни искуства во користењето на селектирани, неопасни фракции на отпад како алтернативно гориво и ние сме спремни да ги споделиме овие позитивни практики за да придонесеме кон напредок на оваа област во Македонија“, изјави Наташа Бакреска Кормушоска, менаџер за животна средина во УСЈЕ.
Оваа недела во Европа се организираат над 10.000 настани по овој повод, а Македонија за прв пат се приклучува на оваа иницијатива. крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита со неговиот лидер Зоран Заев? Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат лидерот Зоран Заев и неговиот намесник Венко Филипче во публика“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се надеваме дека Филипче им кажал на СДС во колку почнуваат скоковите, за да може нивните од СДС да го видат како се радува до нивниот лидер Зоран Заев.
А интересно е што од се што можеа тие се фатија за парите на златната виза од Дубаи на Венко Филипче, веројатно затоа што точно знаат колку чини, односно им кажал колку ја купил и дали е врзана за 42-катницата, но како што признаа дека ја поседува и дека ја платил, кај да е ќе кажат и колку имот поседува во Дубаи.
За Харис нема што да додадеме верните фанови од СДС верно му ги следат настапите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно е легализиран.
„На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран!
Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеше конечно да се впише Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во катастар и конечно овој стратешки објект да добие имотен лист.
Во нормални услови ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметам дека е важно да се запознае јавноста.
Во следниот период ќе работиме на модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром со цел да привлечеме нови туристи“, објави вицепремиерот Николоски.
Македонија
Зајкова: Во новата година посакувам храброст, достоинство и правда за држава со вредности, а не само со процедури
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи на македонските граѓани во новата година им посака храброст, достоинство и правда, за да имаме држава со вредности, а не само со процедури.
„Драги пријатели, сограѓани, зад нас оставаме година во која корупцијата не беше само вест, туку сурова реалност која во Кочани чинеше животи. Гледавме како реформите стануваат козметика, а законите се менуваат побрзо од календарот. Додека институциите брзаа со ‘итни’ и ‘скратени’ постапки, вистинското подобрување на животот на граѓаните остана во чекалната. Администрацијата е изгубена во хаос поради брзи неусогласени закони, судството во лажни ветувања, а довербата – е во колективна амнезија“, пишува Зајкова во својата објава.
„Во 2026 година, посакувам: храброст – да не се навикнуваме на ненормалното; достоинство – да не бидеме само бројка во нечиј експеримент и правда – која не се купува и не се договара во 5 до 12. Нека новата година не биде уште една ‘скратена постапка’. Заслужуваме држава со вредности, а не само со процедури“, додава Зајкова.
„Среќна и борбена Нова 2026 година! Да ве служи сите добро здравје, среќа и да… со Македонија да се гордееме на Светското првенство во фудбал“, завршува Зајкова во својата честитка до граѓаните.

