Контакт

Македонија

Собранието на Република Македонија ќе ја одржи 15 та седница

Објавено пред

Пратениците во Собранието на Република  Македонија во понеделник ќе ја одржат петнаесеттата седница на која на дневен ред ќе се најдат Предлог на закон за задолжителни нафтени резерви, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за нуспроизводи од животинско потекло, Предлог на закон за изменување на Законот за образование на возрасните Предлог на закон за изменување на Законот за прекинување на бременоста, сите во прво читање.

dobivaj vesti na viber

Пратениците расправа ќе имаат и по Предлог на закон за изменување на Законот за санитарната и здравствената инспекција, Предлог на закон за изменување на Законот за јавно здравје, Предлог на закон за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Предлог на закон за изменување на Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина, Предлог на закон за изменување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите во прво читање.

 

Предлогот на дневниот ред на собраниската седница се надополнува и пратениците предвидено е да расправаат и по Предлог на закон за заштита и благосостојба на животните, во прво читање, Предлог на одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, Предлог на одлука за разрешување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

 

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ревизија, Дополнет предлог на закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог на закон за  изменување  дополнување на Законот за јавните претпријатија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила, Предлог на закон за дополнување на Законот за спортот, сите во второ читање, треба да бидат дел од дополнувањето на дневниот ред на собраниската седница.

 

Народните избраници на петнаесеттата седница на Собранието на Република Македонија треба да ги разгледуваат и Предлог на закон за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг, Предлог на закон за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и  дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, Предлог на закон за дополнување на Законот за продажба на становите во општествена сопственост, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, во прво читање, како и Предлог на стратегија за изменување и дополнување на Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 и Предлог на одлука за давање согласност на Статутарната одлука за изменување на Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје./крај/мф/ап

Македонија

Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег

Објавено пред

Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација

Објавено пред

Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.

dobivaj vesti na viber

Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.

Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.

Прикажи повеќе...

Македонија

Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен

Објавено пред

По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.

dobivaj vesti na viber

Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.

Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Доживотен затвор за братоубиецот во Кавадарци: го убил бидејќи верувал дека сака да го преземе целиот имот

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основниот суд во Кавадарци изрече пресуда врз основа на признание на вина...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а „џини индексот“е првпат под 30% во последните 30 години

Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи...

Македонија3 часа

Алиу: Клиниката за гинекологија e симбол за нов живот, извршено реновирање и унапредување на условите за мајките и новороденчињата

Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посетија Универзитетската клиника за гинекологија и...

Економија3 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија4 часа

(Видео) Апасиев: Не може лекар да одговара за лекарска грешка, а судија да не одговара за непримена на право

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, на собраниска седница го критикуваше предложениот закон за судството оценувајќи дека станува збор за козметички,...

Свет7 часа

(Видео) Израелската армија доби ново моќно оружје – „Железниот зрак“

Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување ракети со ласер со голема моќност, развиен од „Рафаел...

Европа11 часа

(Видео) Лукашенко се судри со играч за време на натпревар во хокеј: снимката од неговото паѓање стана вирална

71-годишниот белоруски претседател Александар Лукашенко падна на мразот за време на натпревар во хокеј. Снимката од инцидентот стана вирална на...

Регион11 часа

(Видео) Курти убедливо победи на предвремените избори

Партијата на премиерот Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово во недела, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила...

Свет11 часа

(Видео) Воз со 250 патници излета од шините во Мексико, 13 мртви

Мексиканските власти вчера соопштија дека најмалку 13 лица загинале во железничка несреќа во државата Оахака. Речиси 100 лица се повредени...

Свет11 часа

Макрон најави нов состанок на Коалицијата на волните

Францускиот претседател Емануел Макрон најави состанок на сојузниците на Киев во Париз на почетокот на јануари за безбедносни гаранции за...

Свет11 часа

Фон дер Лајен: Постигнат добар напредок во преговорите за Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави „добриот напредок“ постигнат вчера во мировните преговори за Украина. Нејзината...

Свет11 часа

(Видео) Трамп: Путин сака Украина да успее

Доналд Трамп ја изложи својата визија за улогата на Русија во повоената обнова на Украина, велејќи дека Москва ќе биде...

Македонија11 часа

Непречен сообраќај по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален...

Топ21 час

Оштетени 34 автомобили на паркинг во Аеродром, штетата над 10.000 евра

На паркинг простор на булеварот АСНОМ во скопската населба Аеродром биле оштетени 34 возила. Како што соопштуваат од МВР, оштетувањето...

Свет21 час

(Видео) Трамп: Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната – состанокот со Зеленски е во тек

Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и...

Свет1 ден

Зеленски пред средбата со Трамп: Многу работи можат да се решат пред Нова година, одлуката зависи од партнерите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Киев прави сè за да ја заврши војната со Русија, но дека на...

Топ1 ден

Хаос во центарот на Скопје: „Сеат“ удри во три паркирани автомобили, контејнери, автомобили во движење и семафор

Вистински хаос се случил во петокот околу 12:30 часот на улицата Григор Прличев во Скопје, кога патничко возило „сеат“ предизвикало...

Култура1 ден

Почина Брижит Бардо

Француската актерка Брижит Бардо починала денеска на 91-годишна возраст, пренесе „Гардијан“. Бардо, француска актерка и пејачка која стана меѓународен секс-симбол,...

Македонија1 ден

СДСМ: „Златната виза“ не е злато, туку налепница во пасош

Опозициската СДСМ реагираше на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги како измислени вести и дефокус од главните теми. Од СДСМ наведуваат...

Свет1 ден

Донбас и Запорожје во фокусот на разговорите Зеленски–Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат попладнево на Флорида за да разговараат за планот...