Контакт

Македонија

Собранието треба да се конституира 20 дена по изборите

Објавено пред

 

Според член 63 од Уставот на Република Македонија, новоизбраниот состав на Собранието се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.

Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.

Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на 21 ден од денот на завршувањето на изборите.

Според член 90 од Уставот, претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. /Крај/мф

Македонија

Без струја денеска делови од Центар и Карпош

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата Мирослав Крлежа, како и корисниците од улиците Наум Наумовски Борче, Антоние Грубишиќ и Орце Николов, општина Центар;

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Миле Поп Јорданов лоцирани во околината на хотел Гранит, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Карпош денеска без вода

Објавено пред

РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Јосиф Михајловиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јосиф Михајловиќ и Атанас Бабата, општина Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево време со температура до 19 степени, од недела заладување со услови за дожд

Објавено пред

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.

Во сабота ќе преовладува претежно сончево време. Потоа во следните два дена ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд и пониска дневна температура. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Фото: Unplash

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

(Видео) Американски адмирал: Ги намаливме иранските напади за 90%, потопивме над 30 нивни бродови

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера им изјави на новинарите дека американската воена операција против Иран е во рана...

Спорт7 минути

Пјастри најбрз на првиот ден од новата сезона

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, на врвот, го заврши првиот ден од акцијата за Големата награда на Австралија, со која...

Спорт7 минути

Пјастри најбрз на првиот ден од новата сезона

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, на врвот, го заврши првиот ден од акцијата за Големата награда на Австралија, со која...

Свет20 минути

Иранска Црвена Полумесечина: Повеќе од 3.000 домови оштетени во нападите

Иранската Црвена Полумесечина (IRCS) соопшти дека повеќе од 3.000 домови и 500 трговски центри биле оштетени во американските и израелските...

Спорт21 минута

(Видео) Нема полош тим во Премиер лиагта од Тотенхем

Фудбалерите на Тотенхем тонат на табелата во Премиер лигата. Во 29-то коло го забележаа петтиот пораз во низа, трет во...

Забава27 минути

Најголемата заблуда со машините за перење, сите правиме грешки: „Бројот на килограми не е она што мислите“

Декларираниот капацитет важи само за сува памучна облека, а деликатните ткаенини бараат значително помало полнење. Многу луѓе претпоставуваат дека етикетата...

Спорт34 минути

(Видео) Јокиќ со трипл-дабл ја расипа историската ноќ на Леброн

Во неизвесна завршница, Денвер Нагетс ги надиграа Лос Анџелес Лејкерс со 120:113 и го одбранија петтото место во Западната конференција....

Свет35 минути

(Видео) САД: „Ќе ја потопиме целата иранска морнарица, еве како го погодивме нивниот носач на дронови“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека американските сили нападнале ирански брод за лансирање дронови, кој се запалил откако бил...

Забава42 минути

Опасно интелигентните луѓе секогаш ги прават овие 11 работи без вие дури и да забележите

Високо интелигентните луѓе често е тешко да се забележат бидејќи начините на кои се поврзуваат со другите се толку суптилни....

Забава1 час

(Фото) Го завела кога имал 18 години, сега го слават нејзиниот 59-ти роденден: Нивната љубов е трн во окото на сите

Актерот Арон Тејлор-Џонсон (35) го прослави 59-тиот роденден на својата сопруга Сем Тејлор-Џонсон, а среќниот пар сподели неколку заеднички фотографии...