Македонија
Сојузот на борци е против промена на грбот на Република Македонија

Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 ја смета промената на грбот на Република Македонија како напад на уште една придобивка од НОБ и бришење на нејзин значаен симбол.
Дебатниот клуб при Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 на редовна среда, одржана во четврток, 11ти декември, дискутираше меѓу другото и за предлогот на Владата за промена на грбот на Република Македонија.
„Предлогот да се смени грбот на Република Македонија го чувствуваме како напад на уште една придобивка од епохалната НОБ, како бришење на еден нејзин значаен симбол. Актуелниот грб има хумана, општоприфатлива симболика: ја отсликува Македонија со нејзините основни природни белези – планини, води, полиња, општото богатство со лисја од афион и тутун и многу сонце“, се вели во заклучоците од средбата.
Точно е, продолжува, дека актуелниот грб не е правен по углед на старите земски грбови, како што е точно и тоа дека е тој прв државен грб, па според тоа, велат од Сојузот на борци, актуелниот грб нема никаква идеолошка заднина.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ноќеска Итната помош 13 пати интервенирала во Трубарево, едно лице е пренесено на Токсикологија

Во текот на изминатата ноќ заклучно со попладнево во реонот на Трубарево се извршени 13 интервенции од Итната медицинска помош, при што едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, извести денес министерот за здравство Азир Алиу.
„Од извршените интервенции на Итната медицинска помош, само едно лице е транспортирано во јавна здравствена установа, на Клиниката за токсикологија. Воедно, кризниот штаб кој веднаш како Министерство го формиравме, континуирано заседава и во следниот период ќе се преземаат соодветни мерки согласно околностите“ вели министерот Алиу.
Директорот на Клиника за токсикологија, Арѓенд Имери, извести дека пациентката која во текот на ноќта е примена на Клиниката за токсикологија е во добра состојба.
Пациентката имала и други пропратни симптоми и од тие причини е задржана на лекување, но сега е во добра состојба.
Директорот Имери кажа дека денес амбулантски биле прегледани и пуштени дома уште тројца пациенти.
Македонија
Со дрон најдени и спасени тројца мотоциклисти, кои се изгубиле на планината Осогово

Вчеравечер, во полицијата во Штип, Регионалниот центар за гранични работи Исток пријавил дека тројца мотоциклисти, македонски државјани, пријавиле дека се изгубени на планината Осогово, над селото Саса, општина Македонска Каменица, во близина на државната граница со Република Бугарија. Мотоциклистите побарале помош преку бројот 112.
„Остварен е контакт со лицата и лоцирани се во шумскиот предел на непристапен терен на оддалеченост од 1.000 метри, над манастирот ‘Св. архангел Михаил’ во селото Саса. Со помош на дрон од Регионалниот центар за гранични работи Исток лицата се пронајдени во добра здравствена состојба и донесени се во Македонска Каменица, каде што е утврдено дека се работи за Г. Д. (38) од Скопје, К. Н. (38) од Гевгелија и Д. П. (31) од Скопје“, соопшти МВР.
Мотоциклистите не побарале лекарска помош, туку, по спасувањето, си заминале со мотоциклите.
Македонија
На диво изградил 22 бетонски столба во Гостивар, а градежниот инспектор не го сопрел, двајцата добија кривични пријави

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С. С. (35) од с. Речане, Гостиварско, под сомнение за сторено кривично дело бесправно градење, и против В. Р. (42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.
„Во март 2025 во гостиварска населба, првопријавениот, во својство на сопственик на објект во изградба, изградил 22 бетонски столба, без да поседува соодветна дозвола издадена од надлежен орган. А второпријавениот, овластен градежен инспектор при Општина Гостивар, по доставена пријава од МВР поради сомнение за сторено кривично дело, не излегол на терен и не извршил увид на градбата“, соопшти МВР.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава и против А. Е. (44) од Гостивар за бесправно градење оти во текот на февруари 2025 година во населба во Гостивар, на парцела сопственост на друго лице, изградил приземје и кат без одобрение за градење издадено од надлежен орган.