Македонија
Сончево со мала до умерена облачност и посвежо

Сончево со мала до умерена облачност, посвежо и ветровито со умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер со брзина и до 70 км/час.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 8 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 7 до 18 степени.Во Скопје и околината слично време со температура до 14 степени.УВ индексот ќе изнесува 7.Во наредните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од петок ќе преовладува променливо и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Екс министерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош.
Разговорот следи по информациите дека државна секретарка во министерството за економија додека тој бил министер ставила потпис на фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани која изгоре.
Македонија
Уште еден загинат од екипата на „ДНК“: познатите се збогуваат со Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс

Трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе уште еден живот – почина Мартин Атанасовски, познат како Буцо Битбокс.
Тој беше еден од најпознатите битбоксери во Македонија и честопати настапуваше со дуото „ДНК“.
Македонија
Седум пациенти се згрижени во Клиника Жан Митрев, за критичните се очекува да бидат преземени и да биде организиран трансфер во странство

Во овие критични моменти, Клиниката Жан Митрев извести дека е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата.
„Во моментов, кај нас се згрижени седум пациенти, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. Нашиот медицински тим вложува максимални напори за нивна стабилизација и се очекува организирање трансфер во странски медицински центри за понатамошно лекување.
Ги мобилизираме сите расположливи ресурси и остануваме посветени на борбата за секој живот. Нашите мисли и поддршка се со пациентите, нивните семејства и сите засегнати од оваа трагедија“, сооштија од Клиниката Жан Митрев.