Македонија
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе се засилува.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 5 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 12 до 22 степени.Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 20 степени.УВ индексот ќе изнесува 7.Во наредните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од петок ќе преовладува променливо и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи, освен во сабота кога ќе има преодно стабилизирање. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обвинителството: Во тек се рочишта за определување притвори

Обвинителството утрово извести дека во тек се рочишта за определување притвори, а бројката е истата од последната информација синоќа.
Од таму додаваат дека во текот на денот ќе има информации за другите дејствија кои се преземаат.
Македонија
Каролина Гочева: „Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, занемени од болка“

„Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, колеги Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов, Филип, Игор….“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева на социјалните мрежи.
„Ќе продолжат да живеат во секоја песна и секое срце кое го имаат допрено преку нивната работа. Занемени сме од болка!
Најдлабоко сочуство до нивните семејства и најблиски!“, напиша Каролина Гочева.
Македонија
„Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата човечност…“: Калиопи потресно се прости од Андреј

Популарната македонска пејачка Калиопи со потресни зборови се прости од Андреј Ѓорѓиески, член на бендот „ДНК“, кој трагично загина во пожарот во дискотека во Кочани.
Пејачката се осврна на неговиот херојски чин, кога, според сведоштвата, Андреј се вратил во дискотеката за да ги спаси децата по катастрофалниот пожар кој брзо се проширил.
„Андреј…срцево ми се кине на сто парчиња…а душава ПАРАМПАРЧЕ…
Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…
Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата чоечност…
Но, не мораше вака…И ова не смее да е крај…чувствувам тага и бес… не смееше да е вака…
Ќе те чувам заедно со нашите спомени, мило дете…“, напиша таа.