Македонија
Сончево со мала до умерена облачност и со засилен западен ветер

Сончево со мала до умерена облачност, топло и ветровито со умерен до засилен западен и југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 17 до 29 степени.Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 25 степени.УВ индексот ќе изнесува 7.Во наредните денови во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Од понеделник температурите ќе бидат во опаѓање. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Јанчев: Власта ќе им дозволи на инвеститорите да сечат шума без дозвола од државата

Денес пред собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство владата на ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ се обидува да протурка законски измени со кои се овозможува т.н. инвеститори да ги сечат македонските шуми без никаква контрола од страна на државата, велат од Левица.
„Слушнавме дека станува збор за ситни измени кои ќе ја олеснат изградбата на инфрастуктурни проекти од јавен интерес. Не е така, ова се и крупни измени од аспект на заштитата на шумите. Што се прави со овие измени? Се тргаат контролните механизми за заштита на шумите, со цел полесна сеча на шуми, истакна Сашко Јанчев, пратеник на Левица на комисиската расправа.
Како што истакна, во постоечкото решение, при изградба на инфраструктурни проекти од јавен интерес, сечење на дрвна маса може да прави само ЈП „Македонски шуми“ и правни лица кои имаат лиценца со согласност.
„Сега се дозволува ова да го прави инвеститор, без лиценца, без согласност, само треба да даде обично известување. Значи, можеме да имаме ситуација да дојде инвеститор и да рече: јас сега сечам, и никој да не се прашува, тие се главни во случајов.
Ова се крајно лоши решенија. Не прават ништо другу туку само ги отстрануваат контролните механизми за заштита на шумите. После она што го имавме со пожарите и со штетата на шумите да носиме ваков закон е надвор од памет“, кажа Јанчев.
Македонија
(Видео) Кузеска: Нов скандал во министерството на Андоновски – жената државен секретар, а мажот добива тендери

Денес продолжуваме со објавување на серијата скандали поврзани со тендерските мрежи на ДПМНЕ.
Пред граѓаните ќе покажеме документи и факти, со кои основано се сомневаме за постоење систем на корупција и испумпување на парите на граѓаните преку јавните набавки во државните и општинските институции кои ги води ДПМНЕ, истакна на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно, не постои случајно избрана фирма кога се работи за тендерите на ДПМНЕ.
Денешниот скандал е пример за директен конфликт на интерес, непотизам и основано сомнение за корупција во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски“, вели таа.
Според неа, во Министерството на Андоновски, каде втор човек е Државниот секретар – Гордана Клинчарова, тендери добива фирма на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров.
Како факти посочи два договори, склучени ,како што појасни, помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје застапувано од управителот Мартин Клинчаров – сопруг на Гордана Клинчаров.
„Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. И вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари. Само од овие два тендери, преку Министерството на Андоновски, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото министерство.
Ете каде завршуваат парите на граѓаните. Во семејните фирми на функционерите од ДПМНЕ.
Ова е еклатантен пример за конфликт на интерес и непотизам од страна на ДПМНЕ. Но и сериозен сомнеж за корупција“.
Прашањето, според неа, е каква е улогата на министерот Андоновски во овој скандал? Дали бил и тој соучесник, бидејќи, како што дополни, неговото име и презиме стои на договорите како потписник!
„Со овој скандал се потврдува нашето тврдење дека ДПМНЕ ги испумпува парите на граѓаните преку мрежа на фирми и тендери. Но се потврдува и фактот дека на голема врата ги враќа изведувачите на Скопје 2014 во нивните сегашни бизнис шеми. Истата оваа фирмата на Мартин Клинчаров била дел од изведувачите на проектот Скопје 2014, за поставување на мермер и изведба на мостот Гоце Делчев. Близината на кадрите на ДПМНЕ и Маето Дизајн оди дотаму што фирмата се јавува и како донатор во Општина Аеродром, во перид кога градоначалник е, Тимчо Муцунски. И повторно, истиот Тимчо ја поставил Гордана Клинчарова за Раководител на секторот финансии за време на неговиот мандат.
Традиционално, секаде каде што Гордана Клинчарова е поставена од ДПМНЕ на одредена позиција, нејзиниот сопруг развива тесна институционална соработка“.
Кузеска нагласи декаСДСМ бара Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет и да постапи за овој скандал. Сите надлежни институции да се вклучат во негово расчистување.
И како што најави, СДСМ ќе ја продолжи борбата против злоупотребата на парите на граѓаните.
„Шемата е страотна и ќе биде целосно презентирана во јавноста со сите докази за лица кои се директно поврзани со ДПМНЕ и со компаниите кои земале милионски тендери“, оцени Кузеска.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции и не може да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Прашува, кому му служеа изјавите на Стево Пендаровски дека од амбасадори дознал кои се позициите на Владата и како таа се бори за националните интереси во однос на интеграцијата во ЕУ.
Дали Стево Пендаровски свесно ја минира Македонија или во еуфорија пред камера глумејќи аналитичар не знае што кажува, праша Петрушевски.
Според него, без разлика дали свесно или не, Пендаровски уште еднаш ја докажа својата оговарачка природа на предавство и откривање на националните позиции.
„Пендаровски не само што ја загрозува Македонија, туку и шири омраза кон САД и претседателот Трамп, кои се наш силен сојузник и партнер.
СДС како едвај да чекаа да свртат грб на САД, и да го покажат своето вистинско лице. СДС се качи на бродот со Левица, против Македонија и САД“, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.