Македонија
Сончево со умерена облачност и слаб северен ветер

Во раните претпладневни часови во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Преку денот ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат од 4 до 13, а дневните максимални од 14 до 20 степени.Во Скопје и околината, претпладне ќе има умерена облачност, а попладне се повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти околу 7 степени, додека највисоката дневна ќе достигне 17 степени.Во недела ќе има позначителен пораст на дневната температура. Потоа до средината од работната недела ќе има повремени врнежи од дожд поинтензивни од вторник попладне и во среда. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Meџити: Мајка Тереза е една од најсветлите личности на човештвото

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со делегации од Владата, Собранието и Општините, положи венец со свежо цвеќе на спомен-плочата во центарот на Скопје, посветена на албанската нобеловка Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза, по повод 115-годишнината од нејзиното раѓање.
По церемонијата, Меџити изјави дека на 115-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза – Гонџе Бојаџиу, родена во Скопје, се сеќаваме на една од најсветлите фигури на човештвото – мисионерката на љубовта и добитничка на Нобеловата награда за мир.
„Таа нѐ научи дека величината не се мери со функции и моќ, туку со служење, посветеност и љубов кон другиот. Нејзината порака останува водилка за нашата политика и општество, да работиме за мир, правда и солидарност, без да заборавиме никого. Мајка Тереза ни остави света порака дека љубовта се мери преку делата што ги правиме“, изјави Меџити.
Тој вети дека се гради иднина во која Скопје повторно ќе биде препознаено во светски рамки како центар на висока култура, развиено образование, наука и технологија, со перспектива за младите и хуманизам.
Македонија
ДОМ: Самоуништување на природата, Дошница жртва на владината неодговорност

Зелената партија ДОМ остро реагира на одлуката на Министерството за животна средина да не ја стави реката Дошница под привремена заштита, иако врз нејзиниот слив се планира изградба на две мали хидроцентрали кои ќе ја доведат клисурата до еколошки колапс.
ДОМ ја оценува оваа институционална пасивност како политичка одлука за самоуништување на природните богатства и суров удар врз иднината на нашите граѓани и граѓанки.
„Министерството ги прикрива своите намери зад изговори дека „предлогот не е формално доставен“. Ова е безобразно игнорирање на алармот што дојде од експерти, биолози и невладини организации уште пред еден месец, кога побараа мораториум се’ додека не се заврши Студијата за валоризација на природните вредности. Сезонското пресушување на реката Дошница и најавеното дополнително исушување се директна последица од оваа неодговорност.
Веднаш да се воведе мораториум на сите активности поврзани со концесијата, да се затвори пристапот до локациите и да се прогласи привремена заштита на текот и околниот предел, во корист на идното заштитено подрачје „Демиркаписка клисура“. Без тоа, ендемичните видови, македонските риби и планинските инсекти се на пат кон неповратна деградација“.
Бараат итна изработка и усвојување на елаборат за мониторинг на биолошката разновидност и еколошкиот проток во Дошница, со јавни дебати и независни експерти.
Министерството, како што додаваат, да испрати јасна порака до концесионерот: без зелено светло за заштита, нема ни нови брани.
„Зелената партија ДОМ нема да молчи пред ова политичко насилство над природата. Ако не прекине оваа тенденциозна институционална воздржаност, ќе покренеме граѓански и правни активности за да ја спасиме Дошница од катастрофа. Природата не чека, ниту ние ќе го дозволиме нејзиното уништување.
Македонија
ДПМНЕ преку Еразмус+ дели пари на универзитетот на Мерко, наместо да го затвори, велат од Левица

Повторно се открива соработката помеѓу двете долгогодишни коалициони партнери, ДПМНЕ и ДУИ, овој пат преку директна соработка со градоначалникот на црна листа, Рамиз Мерко. Додека премиерот Мицкоски секојдневно го обвинува ДУИ за криминал и корупција, неговите директори делат европски пари на спорниот универзитет во Струга, кој е директно во сопственост на фунционерот на ДУИ и градоначалник на Струга, истакнуваат од Левица.
Според оваа партија, новопоставената В.Д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, пред само една недела одобрила грант од Еразмус+ програмата на контроверзниот Универзитет во Струга од Рамиз Мерко.
Ова, како што велат, е скандал од невиден размери.
„Европски пари се делат на универзитет, за кој и министерката Весна Јаневска во официјални изјави потврди дека се утврдени бројни неправилности во неговото работење.
Скриената коалиција помеѓу ДПМНЕ и ДУИ, која совршено функционира во општините каде ДПМНЕ е власт, се докажува повторно. За Универзитетот на Рамиз Мерко има бројни скандали и истиот е познат дека единствено служи за принтање дипломи на функционерите на ДУИ, без да исполнува никакви критериуми за неговата спорна акредитација. Левица потсетува дека единствениот просветен инспектор кој алармираше за неправилностите на овој универзитет експресно беше суспендиран и деградиран, па пензиониран во време на владеењето на СДС и ДУИ. Ако ДПМНЕ пати од амнезија, Левица го потсетува дека просветен инспектор беше физички нападнат при вршење на надзор токму на струшкиот универзитет, каде сега ДПМНЕ дели европски пари“.
Од Левица јавно ја прашуваат министерката Весна Јаневска, „зошто наместо да се затвори универзитет на ДУИ поради констатираните неправилности, Владата на ДПМНЕ дели грантови од европски пари. Дали власта со амнестирањето на криминалот во овој универзитет постепено ја најавува идната влада со ДУИ, со оглед на тоа што и поранешниот вицепремиер Груби кој е во бегство партијата на Мицкоски веќе не го спомнува“.