Македонија
Спасов поднел кривични пријави за група која наводно го бркала
Откако доцна ноќта кон неделата дополителниот заменик министер за труд и социјална работа Диме Спасов дал исказ во полициската станица Карпош, а таму изјави дадоа и други кои беа инволвирани во настаните, медиуми кои се повикуваа на полициски извори велат дека тој поднел кривична пријава против неколку лица од албанска етничка припадност од скоспакта населба Серава, кои ноќта кон саботата наводно го бркале и го нападнале, попладнево добиле кривични пријави.
Станува збор за нова верзија за неколкуте сообраќајни инциденти што ги предизвика Спасов во скопската населба Тафталиџе. Тој досега со медиумите контактираше само преку соопштението од неговиот кабинет. Во оваа верзија, која ја пренесуваат медиумите, се потврдува дека Спасов и сопатничката се движеле од Градски стадион до Тафталиџе кон улицата „Алжирска“ каде биле сопрени од полицијата, по првата сообраќајка која се случила во близина на Градскиот парк, од каде е добиена и првата пријава од оштететен граѓанин.
Засега не е познато каков исказ дал Спасов во станица, но Министерството за внатрешни работи во билтенот за инцидентот од петокот веќе ги потврди информациите на медиумите дека тој бил функционерот кој предизвикал сообраќајна незгода и избегал при увидот на полицијата.Заменикот Министер Диме Спасов поднел кривична пријава до неколкумина луѓе, за кои тој тврди дека се насилниците кои вчеравечер го нападнале и бркале возилото во кое се превезувал Спасов.
Според полицискиот извештај, Спасов направи два сообраќајни инциденти и побегнал од полицијата кога бил сопрен, а неговата сопатничка останала во полиција и дала исказ. Потоа, на местото на инцидентот на улицата „Алжирска“ се појавило трето лице кое тврдело дека тоа го управувало џипот „туарег“. Според сознанијата на медиумите, лицето коешто се пријавило како сторител на незгодата, е личниот возач на министерот Спасов, вработен Минисерството за труд и социјална политика./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

