Македонија
Спасовски: Граѓаните да бидат спокојни, МВР ја засилува безбедноста
Во овој период имаме бегалска криза и во рамки на сите овие активности присуството на МВР е зголемено во кумановскиот и во скопскиот регион се со цел да се обезбеди поголема безбедност и стабилност на граѓаните на Република Македонија, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во саботата при посетата на полицискаа станица во кумановското село Матејче, денмантирајќи ги медиумските извештаи дека иминатата ноќ била спроведени претреси и приведувања или наводно присуство на вооружени групи од Косово.
Претходно ноќта кон саботата на повеќе локации беше спроведена полициска операција на распроедување во областите на Липковско и скопското село Арачиново. Откако МВР ги демантираше првичните информации на одредени медиуми дека полициската акција била поради вооружена група на македонска територија која се префрлила од Косово, стана јасно дека се вршело проверка на повеќе локации во селата во граничниот појас и во неколку други села поради мигрантската криза.
„Денеска сме овде, во посета на полициското одделение во Матејче. Да поразговараме со полицајците, со командирот на одделенито, се видовме со припадниците на МВР, затоа што имаме зголемено присуство на терен. Превентивно е зголемено присуството бидејќи навистина во овој период имаме сериозни предизвици коишто се и ризици за безбедноста и во Македонија, но и во регионот“, рече Спасовски.
Апелираше да не со создаваат фами и страв кај населението, како што налгаси, поради тоа што навистина нема потреба. Ја истакна соработката со населението од споменатиот регион.
Министерот Спасовски нагласи дека станува збор за северен дел на граница во овој регион и оти често има илегални минувања. Како што потенцира, претходните денови имало влез на илегални мигранти на територијата на Република Македонија од северната граница.
„Од тој аспект мислам дека сите треба сите да бидат спокојни, бидејќи МВР ги превзема сите мерки коишто значат засилување на безбедносната состојба во државата“, заклучи Спасовски./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради јазични бариери одложено продолжението на конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, кажа Филков
Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред.
,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше да се избере претседател, како и да се донесе предлог-деловник за утврдување на методологијата и динамиката на работење, сепак тоа не се случи поради одредени јазични бариери. Од дел од присутните претставници на политичките партии беше побарано материјалите да бидат преведени за полесно да можат да се разберат’’, рече Филков.
Филков се надева дека следната недела членовите ќе се усогласат за термин , ќе се избере претседател на работната група и ќе се отпочне со работа каде што сите ќе имаат можност да ги дадат своите предлози и сугестии за реформите во изборното законодавство.
Македонија
Сиљановска-Давкова-Грлиќ Радман: потврдена подготвеноста на Хрватска да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава.
Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка.
Претседателката искажа искрена благодарност за хрватското отворено и континуирано разбирање и поддршка на македонската интеграција, како и на принципиелниот став на Хрватска дека проширувањето на Унијата со Западен Балкан треба да се темели на реални заслуги, без билатерализација и вето.
Министерот Радман ја потврди подготвеноста на неговата држава да придонесе кон забрзување на македонскиот евроинтеграциски процес во рамките на Копенхашките критериуми, потенцирајќи дека македонската држава доби статус на кандидат за членство во ЕУ во март 2005 година, односно неколку месеци пред Хрватска.
Соговорниците очекуваат дека партнерството дополнително ќе се зајакне со Договорот за стратешка соработка со Владата на Република Хрватска, како и со претстојната официјална посета на Претседателката Сиљановска-Давкова на пријателска Хрватска, кон крајот на март.
Македонија
Уапсен тетовец: осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции
Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица.
Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи.
Полицијата соопшти дека по преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека сите дојави за поставени бомби биле лажни.
Денеска, со сдуска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во селото, при што биле одземени повеќе електронски уреди.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

