Македонија
Спасовски: Недозволива е дискриминацијата на Ромите на граничните премини
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на нивно барање, денеска одржа работен состанок со неколку невладини организации кои во претходниот период алармираа за проблемот со дискриминација на Ромите, односно нивно враќање од граничните премини без образложение, на излез од Република Македонија.
Министерот Спасовски потенцира дека било каква дискриминација е недозволива и дека ќе бидат преземени соодветни мерки за да се надмине овој проблем, кој е евидентен во последните неколку години.„Проблемот трае веќе подолг временски период, но кулминира во последно време бидејќи се соочуваме со водење на судски постапки односно поднесување на тужби за дискриминација пред надлежните судови во Република Македонија. Има 41 судски процес за дискриминација при излез од државата на припадници на ромската заедница, а веќе има и неколку правосилни судски пресуди кои претставуваат товар не само за МВР туку и за Република Македонија. Државата ќе мора да плати оштета за нарушување на угледот и честа, затоа што без никакво образложение не им се дозволил излез на припадници на ромската заедница. На денешниот состанок се договоривме дека треба да се достави едно укажување за начинот на постапување на граничните премини кое се однесува пред се на недискриминација, како полова така и расна, политичка, етничка, верска и др. се со цел ваквите појави да бидат минато во Република Македонија. Институциите не смеат да ги рушат честа и угледот на оние заради кои постојат, граѓаните. Укажувањето ќе биде во правец да се почитуваат Уставот и законите“, рече министерот Спасовски./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

