Македонија
Спасовски разреши двајца осомничени во случаите на СЈО
Техничкиот Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски соопшти дека направил 11 кадровски промени во МВР, со цел да се организираат кредибилни и фер избори, а меѓу разрешените се и двајца осомничени во случаите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, кои се прераспределени на пониски позиции.
Едниот вработен е Небојша Стајковиќ кој е еден од осомничените во случајот „Трезор“, предмет за кој СЈО во средата одржа прес-конференција. Обвинителките не ги соопштија имињата, иницјалите, ниту функцијата на осомничените лица, освен дека тројца биле вработени во Управаат за безбедност и контраразунзвање, а еден во Министерството за внатрешни работи.Дел од медиумите објавија дека осомничениот кој бил вработен во Министерството за внатрешни работи е Небојша Стајковиќ, брат на Владислав Стајковиќ кој е прв сопственик на фирмата „Финзи“, фирма преку која одело незаконското набавка на опремата.Како што соопшти СЈО, Управата за безбедност и контраразузнавање набавила опрема за комуникации од британска фирма, но тоа не го направила директно од правното лице од Велика Британија, туку со посредник, македонската фирма „Финзи“ која на почетокот за директор имала лице во крвно сродство со третоосомничениот од овој случај, а последен директор на фирмата е сведокот на СЈО, Коста Крпач кој пред шест месеци се самоуби.Како што соопштуваат од МВР, Стајковиќ се разрешува од помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии и се именува за дополнителен заменик на помошникот на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии, додека Горан Трајановски се именува за помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии.Разрешен е командирот на „Алфите“ Ивица Анчевски-Пуки кој е осомничен во случајот „Тортура“, односно за нечовечкото постапување при апсењето на поранешниот Министер за внатрешни работи и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.Тој е именуван за дополнителен заменик на началникот на единица за ПОИ- Алфа, а Примислав Димовски се враќа на местото на Анчевски.Спасовски рече дека го искористил правото според договореното од Пржино и направил смени во МВР со цел да се организираат кредибилни и фер избори во декември.„Врз основа на измените на Законот за Влада го искористив моето право за промена на дел од раководните структури. Поточно именував 11 нови раководители на организациони едници во состав на МВР, седум во секторите за внатрешни работи и четири во Министерството за внатрешни работи односно во одредени оддели“, соопшти Спасовски.Тој вели тоа го направил врз основа на својата проценка и проценката на неговиот тим со единствена задача да до изборите, МВР функционира нормално, да се обезбедат услови за фер и демократски избори.Дополнителниот заменик министер на МВР, Оливер Андонов пак обвини дека Спасовски извршил безочен упад во законската регулатива.„Со извршените противзаконски именувања, Спасовски се стави над законот и го доведе во прашање целокупниот систем на организација и работа во МВР. Заобиколувајќи ги на криминален начин правилата, процедурите и критериумите за распоредување, Спасовски си дозволи да унапредува лица за 3-4, па се до 12 скалила во хиерархиската поставеност, што е акт без преседан и кој нема ама баш никакви допирни точки со Закон за внатрешни работи, подзаконските акти на МВР и колективниот договор“, рече Андонов.Како што соопштуваат од МВР, Зоран Глигоров е разрешен од работно место началник на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ и се именува за дополнителен заменик на началникот на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ, а Кирил Митиќ се именува за началник на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ.Александар Јанев е разрешен од началник на Сектор за прикриени операции во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ и се именува за дополнителен заменик на началникот на Сектор за прикриени операции во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ, а Драган Симоновски се именува за началник на Сектор за прикриени операции во оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ.Ивица Вучевски е разрешен од началник на СВР Скопје и се именува за дополнителен заменик на началникот на СВР Скопје, а Лазо Велковски се именува за началник на СВР Скопје.Сменет е и началникот на СВР Велес, Петре Игнов и е именуван за дополнитеен заменик на началникот на СВР Велес, а Злате Јаневски се именува за началник на СВР Велес.Ванчо Синадиновски се разрешува од началник на СВР Штип и се именува за дополнителен заменик на началникот на СВР Штип, а на негово место е именуван Љупчо Трајковски.Методија Атанасовски се разрешува од началник на СВР Битола и се именува за дополнителен заменик на началникот на СВР Битола, а Славко Јовановски се именува за началник на СВР Битола.Гоце Недески се разрешува од началник на СВР Охрид и се именува за дополнителен заменик на началникот на СВР Охрид, а Сашо Смилески се именува за началник на СВР Охрид.Ѓорѓи Божинов се разрешува од началник на СВР Струмица и се именува за дополнителен заменик началникот на СВР Струмица, а Танчо Пројковски се именува за началник на СВР Струмица.Моме Јакимовски се разрешува од началник на СВР Куманово и се именува за дополнителен заменик на началникот на СВР Куманово, а Стојанче Величковиќ се именува за началник на СВР Куманово./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот.
Од Обвинителството информираат дека се издадени повеќе наредби за обезбедување докази и траги од местото на настанот, кои ќе бидат предмет на дополнителни вештачења со цел целосно расчистување на случајот.
Во врска со настанот, едно лице е лишено од слобода под сомнение дека е сторител на кривичното дело убиство. Постојат индиции дека истото лице во претходниот период можеби било инволвирано и во други кривични дела на подрачјето на кумановско, поради што, по наредба на јавен обвинител, се преземаат интензивни дејствија за утврдување на сите околности и евентуалната поврзаност меѓу настаните.
Од Обвинителството посочуваат дека по целосно испитување на фактите и прибирање на сите релевантни докази ќе биде поведена соодветна постапка против осомниченото лице.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.

