Македонија
Спасовски–Суомалаинен: Македонија ја продолжува соработката со ОБСЕ
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во четврток оствари средба со шефицата на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), амбасадорката Нина Суомалаинен, со која разговараа околу мигрантската, односно бегалска криза, борбата против тероризмот, регистрацијата на избирачите во избирачкиот список и негово прочистување со цел обезбедување на фер и демократски избори и соработката со Специјалното јавно обвинителство.
Спасовски ја запозна амбасадорката Суомалаинен со четирите приоритети за претстојниот период, и тоа: учеството во борбата против тероризмот , справувањето со бегалската криза, ефикасната подготовка и реализација на изборниот процес и соработка со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Спасовски изрази осуда за неодамнешните настани во Париз, при што потенцираше дека борбата против тероризмот бара поширок коалициски пристап. Во оваа насока тој информираше за мерките кои МВР ги презема во интерес на зајакнување на безбедноста во Македонија. Спасовски нагласи дека Македонија и понатаму останува да биде силен сојузник во борбата против тероризмот.
Во однос на мигрантската, односно бегалската криза, министерот посебно ја нагласи потребата и важноста од заедничко делување и координација меѓу домашните и меѓународните чинители, што засега е на високо ниво. Тој упати барање за помош во надминување на актуелните состојби кои се проблем не само за Македонија, туку и за регионот и Европа. Едновремено, министерот се заблагодари за досега укажаната помош од ЕУ и другите меѓународни организации и држави.
Во однос на подготовката и реализација на изборниот процес, министерот истакна дека основната задача е прочистувањето на избирачкиот список со цел отстранување на можностите за злоупотреба на гласачкото право. Истовремено, тој потенцираше дека негов личен приоритет е почитување и поддршка на професионалниот однос на службите во МВР и целосна департизација на министерството.
Спасовски истакна дека обелоденувањето на аферата со прислушување алармираше за нарушените човекови права и злоупотреби на службените позиции, состојби кои беа евидентирани во извештајот на Прибе. Овие појави негативно влијаеа врз угледот на МВР и довербата на граѓаните во институциите , заради што е неопходно да се превземат активности и мерки за отстранузање на овие недостатоци. Министерот нагласи дека обезбедувањето на контрола врз системот за прислушување и влезот во телекомуникациските оператори е , исто така, врвен приоритет и дека ќе ги вложи сите напори тоа да не зависи од тоа кој е на чело на МВР, односно УБК.
Министерот Спасовски искажа подготвеност за целосна поддршка и помош за работата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, нагласувајќи дека целосното функционирање на обвинителството е особено значајно и од интерес на Република Македонија.
Во однос на наведеното, амбасадорката Суомалаинен ја истакна нејзината, односно поддршката на ОБСЕ и изрази подготвеност за каква било поддршка на МВР и Специјалното јавно обвинителство и изрази надеж дека тоа многу брзо ке започне со работа.
Двете страни ја акцентираа важноста на соработката меѓу ОБСЕ и Република Македонија, односно ОБСЕ и Министерството за внатрешни работи, за која констатираа дека е континуирана и успешна и изразија надежи отвореност за нејзино натамошно продолжување во тој дух./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

