Македонија
Спасовски: Владата изврши упад во договорот од Пржино
Откако, во петок, Владата донесе одлука да ги поништи сите правни акти, кои ги донеле министрите на СДСМ, а не се потпишани од дополнителните заменици-министри, министерот за внатрешни работи во оставка и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски вели дека тоа значи сериозен упад во договорот од Пржино.
„Ова значи дека сите правни акти, решенија коишто биле донесени досега, спротивно на закон биле поништени од Влада, била доставена информација од дополнителен заменик –министер, спротивно на закон затоа што нема такви овластувања и едноставно претставува упад во системот. Ова е насилие врз државата и државните органи коишто го спроведува Владата и Премиерот“, рече Спасовски.Тој појасни дека се работи за одлуки коишто немаат никаква поврзаност со изборите. Тврди дека соопштение од Владата, лиферувано до медиумите, не се базира на ниту еден член од закон во којшто укажува дека одлуките се поништени заради тоа што, не биле потпишани од дополнителниот заменик министер. „Дополнителниот заменик-министер има надлежност да потпишува акти коишто се однесуваат на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со изборите. Доколку таков акт биде потпишан само од едниот, односно од министерот без одобрение од дополнителниот заменик министер, таквиот правен акт нема правна важност. Меѓутоа ако тоа се случи, дополнителниот заменик министер има право да поднесе барање до ДИК и ДИК да одлучи дали одредено прашање е поврзано со изборите или не. На овој начин, Владата направи удар и врз работата на Државната изборна комисија, заради тоа што презеде активности, покрај што ги презеде надлежностите на министрите, презеде надлежности и од Државната изборна комисија“, рече Спасовски.Тој појасни дека нема да се обрати до ДИК затоа што само дополнителниот заменик-министер има право да го стори тоа, ако смета дека одлуката што е донесена е поврзана со изборите, а тој не ја потпишал.На новинарско прашање дали тоа значи дека тој е единствен овластен, како министер кој може да нареди каде ќе бидат или дали ќе бидат распоредени специјалните единици на МВР или значи сега дека Владата ја презеде контролата врз нив, Спасовски рече дека по ваква одлука, и тој бара одлука и од техничкиот премиер Емил Димитриев и од Владата. „Дали ги презеле или не ги презеле овластувањата? Ние поднесовме оставки многу чесно, заради тоа што сметавме дека треба да поднесеме оставки и понатаму да ги оставиме сами да ги водат институциите. Тие од неразбирливи причини, за мене, и министерката за труд и дополнителните заменици министри, спротивно на нашата волја, нѐ тераат да останеме во рамките на владата. Единствен којшто ги има сите овластувања за раководење со Министерството е министерот. Така стои во одредбите во законот за Влада. И никој повеќе. Ако Собранието на Република Македонија даде овластување на било кој друг, премиерот, министер, итн, да раководи со нашите ресори, тоа може да го направи. Ова денеска не е таков случај. И затоа и мене и на сите нас ни треба објаснување од оваа Влада и од овој премиер како понатаму“, рече Спасовски./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини
По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по неговото приведување на граничниот премин Блаце, со реакција во јавноста се огласи и Јане Ченто.
„Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор.
Мене ми наместија предмет дека сум го прекршил куќниот притвор и ме вратија во Шутка по само 20 дена дома“, објави тој на социјалните мрежи.
„Со камери во мојот дом докажав дека сум бил дома. Докази имаше. Снимки имаше.
Од МВР тврдеа спротивно – и никому ништо, помина нивното.
Сѐ беше џабе.
5 и кусур години ме влечеа по судови за нешто што знаеа дека не постои.
На крај – правосилна пресуда во моја корист.
Вистината исплива.
Но изгубеното време, притисоците, понижувањето, кој ќе ги врати?
Кога ќе ги гледам денешните правосудни „аршини“, не можам да премолчам.
Правдата во оваа држава очигледно не е иста за сите.
Може да нѐ наречете како сакате неколку од нас што не губиме надеж за тоа дека еден ден ќе дојде правда, но тоа е, ние ќе се надеваме.
И да, ми се гади од лицемерието.
Толку“, пишува тој.
Македонија
Левица за куќниот притвор за Груби: Наместо еднакви стандарди, гледаме селективна строгост
Политичката партија Левица реагира на одлуката за определување куќен притвор за Артан Груби, оценувајќи дека станува збор за „прв конкретен резултат од кадровската политика на ДПМНЕ во обвинителството“.
Според партијата, лице кое 14 месеци било недостапно за органите на прогонот, што според нив претставува „најсилен можен доказ за ризик од бегство“, добило поблага мерка наместо засилување на притворот.
„Во правна држава, ваква околност води кон засилување на притворот, кај нас води кон негово олеснување“, наведуваат од Левица.
Оттаму посочуваат дека јавноста добила две различни објаснувања во краток временски период. Првично било соопштено дека нема поплаки за небезбедност и дека во притворот се гарантираат условите како и за секој друг притвореник, а потоа обвинителството се повикало на „индиции“ за загрозена безбедност како основ за замена на мерката со куќен притвор, вклучително и на наводна загрозеност на безбедноста на семејството.
Одговорноста за ваквата одлука, според Левица, е во системот што го раководи в.д. државниот јавен обвинител Анита Тополова-Исајловска, за која велат дека важи за фаворит на ДПМНЕ за иден републички јавен обвинител.
Партијата потсетува дека Тополова-Исајловска во минатото барала пад на предметот „ТАЛИР“, кој се однесува на нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Дополнително, според нив, нејзините политички релации не биле пречка за нејзиното позиционирање.
Во соопштението се споменува и новиот шеф на скопското јавно обвинителство Анел Фидоски, за кого Левица наведува дека со преквалификација во завршна фаза овозможил застарување на случајот со малата Тамара.
„Денешната одлука за куќен притвор се вклопува во истиот образец – флексибилност кога предметот е политички чувствителен“, наведуваат од Левица.
Партијата оценува дека наместо еднакви стандарди, се гледа „селективна строгост“, а наместо владеење на правото – управување со правдата според политички контекст.
Македонија
Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на кочанската болница 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.
Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.
Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.
„Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан“, велат од Фондацијата.

