Македонија
Средба КФОР – АРМ за безбедносната состојба поради мигрантската криза
Делегација на КФОР преводена од командантот на оваа мисија генерал-мајор Џовани Фунго, во среда престојуваше во официјална посета на МО и ГШ на АРМ, при што на одвоени средби со инистерот за одбрана Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај, се разговараше за безбедносната состојба во регионот.
„На средбата во ГШ на АРМ се разговараше за безбедносната состојба во регионот, ситуацијата со мигранската криза, соработката со силите на КФОР во однос на споделување на информации со АРМ кои се однесуваат на актуелната безбедносна ситуација и потенцијалните терористички закани. Делегацијата од КФОР беше запознаена со трансформацијата на АРМ и учеството во мировните операции, а гостите од КФОР пред ГШ на АРМ ја презентираа безбедносната состојба во зоната на одговорност на оваа мисија, како и активностите и идните планови на КФОР“, соопштија од министерството за одбрана.
Меѓу другото, генералот Рацај изразил благодарност за поддршката од КФОР на Република Македонија при справувањето со последиците од поплавите каде персонал и инженериски машини од составот на КФОР учествуваше во расчистување на теренот.
На работниот состанок заклучено е дека АРМ и силите на КФОР имаат воспоставено одлична соработка за и дека во наредниот период таа ќе продолжи во интерес на безбедноста во регионот.
Во јуни 2007 година, во целосна оперативна готовност беше ставен Координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој е во составот на Бригадата за логистичка поддршка на АРМ. Негова основна задача е координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување, со што АРМ посредно учествува во мисијата КФОР./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





