Македонија
Стабилното време ќе овозможи непречена сеидба на пченицата
Стабилното и суво време што ја очекува Македонија во текот на викендот и следната недела ќе овозможи непречена сеидба на пченицата.
Според агрометеоролошка препорака на УХМР, појавата на првите есенски мразеви ќе значи и крај на овогодишната реколта, но стабилното и суво време во наредниот период ќе овозможи непречена сеидба на пченицата. Дневните температури на воздухот над 15 степени Целзиусови ќе овозможат непречено никнење и развој на веќе посеаните култури: маслодајна репка, јачмен и пченица.
УХРМ за денеска најави променливо облачно време, кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервалот од 9 до 16 степени.
Викендов и следната недела нè очекува стабилно време со дневни максимални температури од 17 и 18 степени. Во недела наутро на некои места утринската температура ќе биде малку под нулата. Од понеделник ќе има и услови за утринска магла по котлините.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Ристов не е изолиран случај, „чадорот“ на заробената правда се крши
Одлуката на Судскиот совет да му го одземе имунитетот на Апелациониот судија, Ѓоко Ристов, за привремено да го отстрани од функцијата и да му изрече мерка куќен притвор е важен чекор. Но, овој чекор не го затвора прашањето, напротив, го отвора уште повеќе затоа што кога ќе се открие дека кај Апелациониот судија има 350 илјади евра за кои се сомнева дека се нелегални пари, ова не е индивидуален скандал. Ова е лицето на заробената правда, велат од „Влен“.
Коалицијата потсетува дека Ристов, заедно со нон грата судијата Енвер Беџети, беа дел од одлуките што го отворија патот за слобода за Сашо Мијалков – како што го нарекуваат, симболот на заробената држава. Во истиот контекст, Артан Груби, бегалец од правдата, исто така беше санкциониран нон грата.
„Тука нема случајност. Има шема. Има штит. Има чадор. Затоа, главното прашање не е само што ќе се случи со Ристов. Прашањето е кој го заштитил Ристов, а кого Ристов заштитил. Граѓаните имаат право да знаат во колку случаи Ристов и Беџети дејствувале, во колку случаи одлучувале за притвор, финансиски гаранции, одложувања или застарувања и кои конкретни одлуки доведоа до ослободителни пресуди, бегство од одговорност или тивки “амнестии“ за моќни луѓе“, велат од „Влен“.
Се додава и дека куќниот притвор не смее да се претвори во удобен одмор, додека системот продолжува со истото. Истрагата мора да оди до крајот на синџирот, со целосна контрола на одлуките, следење на имотот и конкретна одговорност, со имиња и презимиња.
Македонија
Од оваа година 15.000 денари за секое новороденче во општина Крива Паланка
Градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски го посети првото новороденче во Општината во 2026 година – машко бебе, на кое му беа врачени пригодни подароци.
Посетата е дел од континуираните активности на општина Крива Паланка за поддршка на младите семејства и афирмација на наталитетот.
„Во рамки на мерките за поддршка на семејствата со новороденче, финансиската поддршка што ја обезбедува општина Крива Паланка изнесува 15.000 денари за секое новороденче“, известуваат од Општината
Македонија
СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“
„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“. Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми“, велат од СДСМ.
„Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со дефокус, измислен „рекет“, црна кампања и брутален јавен линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче и членовите на партијата.
Сеат магла, преку Алфа ТВ, Геро, Бетмен Велит, преку Ивона позната по врската со Латас, Наум Стоилковски, преку медиумскиот октопод Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.
Дефокус за пренасочување на вниманието на јавноста од вистинските економски проблеми на граѓаните и главната тема, мигранти за пари.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја лага на кујните на ВМРО, секој дефокус и секоја злоупотреба“, соопштуваат од СДСМ.

