Македонија
Старите системи се уништени, СЈО проверува злоупотреби во новиот систем за прислушување
Старите системи за прислушување се уништени, а за нивното уништување, Специјалното јавно обвинителство започна и истраги, сега специјалните јавни обвинители проверуваат дали има злоупотреби со новиот систем за следење на комуникациите којшто е официјално во употреба од март 2015 година.
Обвинителката Ленче Ристоска на денешната прес- конференција одговараше на новинарски прашања и соопшти детали за влегувањето на СЈО во Управата за безбедност и контраразнување каде што обвинителите се наоѓаат речиси 24 часа.Како што е предвидено во Законот за Специјалното јавно обвинителство, тоа треба да ги истражува прислушуваните материјали во периодот од 2008 до 2015 година, па сега се проверува дали се злоупотребувале системите за прислушување од март до крајот на 2015 година. „Се работи за нов систем кој е во употреба во Управата за безбедност и контраразузнавање од март 2015 година, официјално, со оглед на тоа што нашиот мандат се протега повеќе, ние мора да го покриеме и другиот дел кој ја подразбира употребата на новиот систем за следење на комуникациите. Сега гледаме она што е веќе во употреба да видиме дали во периодот во кој функционира се настанати или не се настанати злоупотреби, како што кажав тоа е предистражна постапка во која тие податоци ни се неопходни“, изјави Ристоска.Специјалното јавно обвинителство во средата со две судски наредби влезе во Управата за безбедност и контраразузнавање, првата наредба е за проверка на Посебните истражни мерки и листите за евиденција на Посебните истражни мерки, а втората наредба е за претрес на компјутерски системи и компјутерски податоци. Првата наредба, како што рече Ристоска, веќе се спроведува и обвинителите и истражителите веќе правеле увид во Посебните истражни мерки, додека втората наредба не може да се спроведе.Обвинителите не можеле да направат претрес на компјутерскиот систем бидејќи двајцата вработени кои единствено можат да влезат во системот за следење на комуникациите се надвор од државата и треба да се вратат во текот на денот.За СЈО неизвршувањето на судската наредба од страна на УБК е преседан и Ристоска уште еднаш повтори дека обвинителите и истражителите од Специјалното јавно обвинителство остануваат во Управата се додека не ја извршат судската наредба.Клучната порака на Специјалното обвинителство е дека во Управата немало волја да се спроведе и да се изврши судската наредба, а обвинителите кои утрово дошле да ги сменат нивните колеги кои ја минале цела ноќ во Управата чекале еден час да влезат, бидејќи Министерството вовело нова процедура за влегување. „Загрижени сме каква порака се праќа на граѓаните, како е можно државна институција да не дозволи да биде спроведена судска наредба“, рече Ристоска.Во Управата во средата беа присутни освен директорот, Владимир Атанасовски, беа присутни и дополнителниот заменик Министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков кои го обвинија СЈО дека може да го наруши безбедносниот систем во државата со претресите. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

