Македонија
Судијата Џолев бара дисквалификација на колегата Панчевски од трката за претседателот на скопска „единица“
Судијата Иван Џолев, кој е инаку едн од кандидатите за претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, или популарната „едииница“, во четвртокот поднел претставка до Судскиот совет на РМ, со којашто рагира и бара Судскиот совет да донесе одлука за дискфалификација на Владимир Панчевски во трката за прв човек на Основниот суд Скопје 1.
Тој во допис, за кој Макфакс информираше во четвртокот, се наведува дека Советот е должен тоа да го стори , имајќи предвид дека Владимир Панчевски не ги поседувал потребните квалификации. Според законот, претседател на суд се избира од редот на тие кои во изминатите две години имаат највисоки оценки и имаат најголем број бодови.
Џолев, исто така, наведува дека за време на распишување на конкурсот, како што е и пропишано, Панчевски не ги поседувал потрбните квалификации за да се кандидира за претседател на суд, бидејќи последната изречена оценка од Судскиот совет за Панчевски за 2014 година е тројка.
Токму поради оваа законска пречка, Судскиот совет, на чело со Зоран Караџовски, направил преседан за да го одржат Владимир Панчевски во трката-извршија вонредно оценување и на Панчевски му дадле на затворена седница висока оценка.
Но и покрај тоа, останува законската основа дека Владимир Панчевски морал да има висока оцена на денот на распишување на конкурсот, а не потоа.
На Панчевски, противкандидат за фотелјата во скопска „единица3 му е колегата Иван Џолев. Инаку. додека Панчевски раководеше со Кривичниот суд, судот го тресеа низа скандали и нарушени меѓучовечки односи. Екс-претседателот беше актуелен во јавноста и во случајот со дивоградба која изгради во строгиот центар.
Судијата Џолев реагира бидејќи токму Судакиот совет, на седница, наводно му ја поправил „тројката” којашто истиот Совет претходно му ја додели на кандидатот Владимир Панчевски. Џолев реагира дека Судскиот совет извршил преоценување со цел на Панчевски да му се поправи оценката и така да го одржи во трката за претседател на скопска „единица”.
Имено, Панчевски, кој за 2014 година имаше оценка 3, беше вонредно оценет со повисока оценка, но не за цела година, туку за период од само девет месеци, во 2015 година. На истата седница Судскиот совет му го зголемил и бројот на бодовите на Панчевски.
Со најновата реакција на Џолев, не само што се укажува на незаконско постапување, туку во исто време се намалуваат и шансите на Панчевски да добие уште еден претседателски мандат.
Судијата Панчевски изминатава година го следат серија скандали. Тој беше фатен како, преку лажни имиња, коментира на социјалните мрежи, како ја опструира работата на Специјалното јавно обвинителство, а влезе во отворена расправија со претседателката на Врховниот суд на РМ, Лидија Неделкова, со новинари и медиуми. Неговото име се вртеше по медиумите и поради неговата дивоградба во центарот на Скопје, но и поради петициите кои против него ги потпишуваа вработените во најголемиот суд во земјата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

