Македонија
Судијата Иван Џолев утре ќе сведочи пред Советот за факти за влијанието на Владимир Панчевски
Судијата Иван Џолев, судија од Основниот суд Скопје 1 -Скопје во четврток ќе сведочи пред Советот за утврдување на факти, откако тој најпрво јавно го обвини, а потоа и му поднесе кривична пријава на екс-претседателот Владимир Панчевски, дека му влијаел при донесување на одлука.
Кривичната пријава за Панчевски беше отфрлена од скопското Јавно обвинителство, но постои голема веројатност Џолев пред Советот да изнесе и други информации кои се однесуваат на работењето на Панчевски, со што тој повторно ќе биде дискредитиран и ќе мора да се откаже од трката за стари-нов претседател на судот.
Судскиот совет ќе ги чека заклучоците од Советот, но тој е спречен мериторно да одлучува, поради тоа што уште течат роковите за жалба, откако минатата седмица Судскиот совет на седницата му ја поправи слабата оценка на Владимир Панчевски, а му беа додадени и нови бодови, како што велат неговите противкандидати, со цел „да го остават во игра“.
На истата седница Судскиот совет му го намали бодовното салдо на Иван Џолев, но тој најави дека ќе вложи жалба.
Во трката за претседател до неодамна беше вклучен и судијата Владимир Туфегџиќ, но тој ја повлече својата кандидатура, откако претходно од Судскиот совет побара да се одложи изборот за претседател.
Барањето на судијата Туфегџиќ дојде по петицијата којашто против Владимир Панчевски ја потпишаа повеќе судии од скопскиот кривичен суд, а слична петиција беше потпишана и од стручните соработници./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
Денеска, по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, велат од МВР.
Македонија
Бесплатен превоз за сите граѓани до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“
Општина Битола и јавното претпријатие „Пелалинк“ и оваa зима за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани ќе обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина.
„На 8 и 9 јануари ( четврток и петок ) бесплатно можете да одите до ски центрите кај Нижеполе и кај хотелот „Молика“ и да уживате во убавините на планината“, велат од Општината.
Линијата број 1 за до Нижеполе тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Спортската сала, а линијата број 2 е за до хотелот „Молика“ и тргнува во 8:00 часот од паркингот кај Новиот пазар.
Враќањето на двете линии е во 13:00 часот.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
Утре (06.01.2026), по повод големиот христијански празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи „Бадникова манифестација“ во склоп на „Бадникови Поворки“ со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници“, велат од МВР.

