Македонија
Судот ќе одлучи дали на Заев ќе му се суди во случајот „Поткуп“
Судскиот совет при Основниот суд Скопје 1, на 1-ви јули ќе оценува по обвинителениот акт покренат од страна на Основното јавно обвинителство за организиран киминал и корупција против осомничениот Зоран Заев.
Лидерот на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев, е обвинет за поткуп.Судот го прифати барањето на одбраната на Заев за одржување седница на којашто Советот ги цени наводите наведени во приговорите против обвинителниот акт и основаноста на актот во однос на списите и доказите приложени кон него од страна на јавниот обвинител.Заев се товари дека во 2013 година како градоначалник на Струмица, на бизнисмен од овој град му побарал мито од 200 илјади евра за да се заврши легализација на земјиште.Заев тврди дека во овој случај немало примопредавање пари и дека пријавувачот никогаш не му дал поткуп. Тој тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го „намести“ и поднесе кривична пријава против бизнисменот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

