Македонија
Судот одлучи да не ѝ го одземе пасошот на Канческа-Милевска
Кривичниот суд Скопје го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување на мерки за претпазливост за случајот „Тендери“ во кој првоосомничена е министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.
Иако СЈО бараше на две лица осомничени во овој случај да им се одземат пасошите и да се јавуваат во судот еднаш неделно, по распитот што се одржа во петокот, судија на претходна постапка го одби предлогот како неоснован, а по писменото изготвување решението е испратено до странките.Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот на решението. По распитот во Судот, Канческа – Милевска изјави дека се прави политички театар од страна на најголемата опозициска партија СДСМ, кој го изведува спроведува Специјалното јавно обвинителство (СЈО).Случајот „Тендери“ се однесува на изведување на градежни работи на Музејот за македонска борба и државност, од страна на градежното претпријатие „Бетон“, кое било фаворизирано, осомничена е Канческа – Милевска и тројца членови на Комисија за јавни набавки од министерството. СЈО ги товари дека го оштетиле буџетот за над еден милион евра.Пред да се објави оглас за услуги спротивно на принципите на конкуренција, пред да се донесе одлука за тоа првоосомничената донела одлука кој да ја добие и да ја заврши работата.Сведок за овој случај е тогашен генерален директор на „Бетон“ Штип и вели дека добил можност да ги продолжи работите каде веќе работеле на други изведби, а да не се чека 20 дена за да се објави новиот оглас за новите градежни работи. Отпосле биле објавувани огласи, бил потпишуван договор, а „Бетон“ веќе ги изведувал работите.Договорено било во огласот да се предвидат услови што може само Бетон да ги исполни.Биле исплатени близу еден милион евра на сметка на „Бетон“, за изведба на овие градежни зафати, или 54.501.336 денари./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Алжир, Абделмаџид Наaмун
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Демократска Република Алжир, со седиште во Букурешт, Абделмаџид Наaмун.
Неговото именување, како што рече претседателката, е уште една потврда за добрите македонско-алжирски односи, втемелени на заемно разбирање и почит.
За неа, посветениот и професионален ангажман на амбасадорот Наамун ќе придонесе кон продлабочување на пријателските и партнерски односи на билатерален и мултилатерален план.
Истакнувајќи дека обете држави имаат богата историја и вредно културно наследство, Сиљановска-Давкова очекува интензивирање на соработката во културата, образованието и туризмот, како и во рамките на ООН и другите меѓународни организации.
На церемонијата, новоименуваниот амбасадор Абделмаџид Наaмун ја истакна својата желба да гради нови мостови на пријателство и меѓусебно разбирање.
Двајцата изразија загриженост за геополитичките предизвици со коишто се соочени сите држави и народи, без оглед на географската положба и големина. Тие ја потенцираа потребата од мултилатерализам како соодветен одговор и механизам за решавање на проблемите.
Сиљановска-Давкова и амбасадорот Наамун се согласија дека донесувањето правна рамка за регулирање на меѓусебните односи, како и размената на посети на највисоко ниво ќе ја поттикат соработката.
Соговорниците имаа усогласен став и во однос на потребата од реформи во Обединетите нации, како и за неопходноста од назначување на жена на највисоката позиција – генерален секретар.
Македонија
Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е значајна победа за правната држава
За првпат и самиот обвинител го признава тоа што целата јавност го кажуваше: дека Јавното обвинителство не може да продолжи да функционира со изгубен легитимитет, под товар на политички влијанија и со селективна правда, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фактот што оваа оставка доаѓа дури сега, а не уште од првиот ден кога беше очигледно дека институцијата е компромитирана, само дополнително ја потврдува длабочината на проблемот и обидите со месеци да се одржи статус кво кое служеше на поранешната власт. Со оваа оставка се става крај на еден мрачен период, во кој обвинителството беше перципирано како партизиран механизам, а не како независна институција во служба на законот“, вели тој.
Според Петрушевски, оставката е јасен сигнал за крајот на практиките на заштита на поранешната власт на СДС и ДУИ и почеток на процесот на департизација и европеизација на јавнообвинителската дејност.
„Оставката на Коцевски не е персонално, туку единствено системско решение. Ова е јасна порака дека никој не е недопирлив“, вели Петрушевски.
Македонија
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортски клубови
Општина Бутел додели 4.000.000 денари финансиска помош на спортските клубови од општина Бутел.
„Локалната самоуправа секоја година ги поддржува спортските клубови и доделува спортски стипендии на најдобрите спортисти од Бутел. Во општина Бутел се градат спортско-рекреативни центри во секое населено место. Во општина Бутел вредноста на спортот и спортските успеси е најголема“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.
Тој изрази надеж дека финансиска поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и спортистите ќе освојат европски и олимписки медали.

