Македонија
Судот пресуди: Заев треба му плати 50.000 евра на Груевски
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, треба да му плати отштета од 50.000 евра на премиерот, Никола Груевски.
Ваква пресуда во среда донесе судот во судскиот процес по тужбата за клевета и навреда што Груевски ја покрена против Заев.
Судијката Весна Калковска во Основниот суд Скопје 2 соопшти дека наводите на Заев меѓу кои „таткото на криминалот во Македонија Никола Груевски зел 1.5 милиони евра во кеш од странски бизнисмен“ и „премиерот лично ја продал Македонска Банка“ содржат клевети и навреди.
По подготвителното рочиште во јуни, неделава се одржаа три рочишта на кои сведочеа српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ познат како Газда Нини, тужителот Никола Груевски и тужениот Зоран Заев.
Вчера Груевски го намали отштетното барање од 500 илјади на 50 илјади евра. Тој поднесе тужба против Заев поради објавувањето на аудио снимката на која лидерот на СДСМ тврди дека се слуша гласот на премиерот и дека договара продажба на Македонска Банка.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

