Македонија
Свеченост по повод Ден на АРМ
По повод 18. Август – Денот на Армијата на Република Македонија, од касарната ,,Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелање на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ, а порано истиот ден ќе бидат положени венци, а ќе има и постројување на вработените.
Почесната артилериска стрелба ќе се изврши во касарната ,,Илинден“, во 19 часот.Со почеток во 10.30 часот, пред зградата на МО и ГШ на АРМ, со свечено постројување на вработените ќе се одбележи 18 Август – Денот на АРМ.
На свеченоста пред присутните по повод Денот на АРМ ќе се обрати Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, а ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменикот на министерот за одбрана Иљми Селами, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, раководителите во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ и вработените во МО и ГШ на АРМ.
На свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, врачување на плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на МО и ГШ на АРМ по повод Денот на АРМ.
По повод чествувањето на Денот на АРМ, во понеделник, со почеток во 9 часот, на градските гробишта во Бутел во Скопје, ќе се одржи церемонија за полагање на венци со свежо цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

