Македонија
Талески уште 30 дена во куќен притвор
По барањe на Специјалното обвинителство, битолскиот градоначалник Владимир Талески осомничен во случајот „Транспортер” останува во притвор уште дополнителни 30 дена, соопшти Кривичниот суд.
„Надзорот над мерката куќен притвор го спроведува Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, СВР Битола, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор против истиот ќе се определи мерка притвор”, се вели во соопштението од судот. Битолскиот градоначалник и уште 22 лица се осомничени дека го злоупотребиле Буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт. Талески, во среда беше на распит во СЈО каде беше задржан два и пол часа, по што изјави дека случајот што се води против него е наметната политичка хајка врз основа на само еден снимен разговор./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јанкулоска: Смртта на Фросина многу ме потресе, но и гневна сум – не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска
Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска упати најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на „Партизанска“.
„Сум видела многу шокантни настани. Низ годините многупати се соочив со смртта на блиски луѓе, роднини, колеги кои животот го загубија на работно место, блиски соработници кои буквално ги снема за миг. Сум видела тела на жртви кои настрадале под различни околности, а некои од нив беа деца. Тие слики времето не може да ги избрише, едноставно не се забораваат. Но, трагичната смрт на 22 годишната Фросина не само што ме потресе туку истовремено ми предизвика гнев“, напиша Јанкулоска на својот профил на „Фејсбук“.
Додава дека јасно е дека секој учесник во сообраќајот свесно или несвесно се случува да згреши па има и несреќи.
„Но, не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска, не е случајно пијан да си седнеш зад волан и да нагазиш со 80км/час над дозволената брзина во најпрометниот дел од градот, не е случајно залетан да поминеш на црвено и не е несреќа кога некој на 20 години без возачка дозвола дивее по улиците и не ферма ниту правила ниту сообраќајна сигнализација затоа што мисли дека му се може. Тоа е девијантно однесување, криминал, дрскост и исмевање со сите кои се трудат да постават граница меѓу доброто и лошото и мора да има соодветен одговор и реакција“, пишува Јанкулоска.
Македонија
Сиљановска Давкова и оддаде почит на Фросина: Апел за надлежните да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата
Советот на млади, со учество на претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска организираше панел дискусија по повод пет години од донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики.
Присутните го започнаа настанот со едноминутен молк како оддавање почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна.
На денешниот настан, со едноминутен молк оддадовме почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна.
Апелираме до надлежните институции што е можно побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата.
Младешкото знаење и креативност може да дојде до израз… pic.twitter.com/RshMcuNCc1
— Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) January 31, 2025
„На денешниот настан, со едноминутен молк оддадовме почит за младата Фросина Кулакова, чиј живот прерано згасна. Апелираме до надлежните институции што е можно побрзо да го расветлат случајот и да ја задоволат правдата. Младешкото знаење и креативност може да дојде до израз само во безбедно општество“, вели Сиљановска Давкова.
Македонија
Се бара Миле Тодоров од Неготино, семејството моли за помош во неговото пронаоѓање
Семејството и полицијата трагаат по 28 годишниот Миле Тодоров од Неготино кој е исчезнат од вчера. Исчезнатото момче во полиција го пријавил неговиот татко.
-На 30.01.2025 во 18.00 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР
Миле последен пат бил забележан во Марена, околу 10.30 часот.
Облечен е во работничко одело, бело палто и црн елек.