Македонија
ТАВ: Случајот со Мијалков е индивидуална човечка грешка

Скопскиот аеродром ги следи сите безбедносни процедури кои што се бараат според меѓународните и локалните регулативи, велат од компанијата ТАВ, која управува со скопскиот аеродром Александар Велики, откако високиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков, се качил на авион со пиштол, кој ниту бил пријавен од негова страна, ниту бил откриен при аеродромските контроли.
„Ова е изолиран случај во којшто станува збор за индивидуална, човечка, грешка во примената на безбедносните процедури кои што секогаш се следат на скопскиот аеродром. Сите потребни чекори ќе бидат превземени со цел да не се случуваат слични инциденти во иднина. Внатрешна истрага веќе е во тек и секој што има одговорност за овој настан ќе ги сноси последиците според правилата на компанијата“, велат од компанијата во изјава за порталот на неделникот „Фокус“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во училиштата, најави Владата

Владата најави дека ќе се градат и реконструираат 30 спортски сали во основните и средни училишта.
Владата ја разгледа и усвои информација за обезбедување на буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта.
Во рамките на Министерството за образование и наука се реализира проектот – Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта. Истиот има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.
„Изградбата на училишни спортски сали е дел од програмата на Владата и е уште еден од проектите кои започнуваат постапка за нивна реализација. За таа цел, Владата ја разгледа и усвои информацијата за обезбедување на буџетско учество за реализација на заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта и даде согласност за преземање обврски за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во 2026, 2027, 2028 и 2029 година за заемот за изградба и опремување на 30 училишни спортски сали во основните училишта и реконструкција на училишта“, се наведува во соопштението.
Македонија
Владата одбри средства за набавка на инсулин

Владата на денешната 73 редовна седница ја усвои информација за давање согласност за финансиски средства за набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија за периодот април 2025 – април 2027 година.
За оваа намена ќе бидат потрошени 2.319.311.828,00 денари со вклучен ДДВ, од кои 1.854.864.916,00 денари со вклучен ДДВ се средства потребни за инсулинска терапија и 464.446.912,00 денари со вклучен ДДВ средства потребни за инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија.
„Средствата е предвидено да се исплаќаат од Програмата за обезбедување на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер, инсулински пумпи со потрошен материјал и сензори за континуирано мерење на гликемија со точно утврдена динамика на плаќање. Владата останува посветена на унапредување и грижа за здравјето на сите граѓани“, соопштија од Владата.
Македонија
СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС денес повторно ја покажува својата целосна бесрамност. Партијата што се обиде ја претвори Македонија во поданик на туѓи интереси, за среќа неуспешно заради отпорот на граѓаните, сега повторно го прави истото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Токму тие, кои во стил на ефтин пазарџија го тргуваа името, историјата и достоинството на државата, сега се загрижени за, наводна, „надворешната изолација“. Изолацијата што тие ја посакуваат, а не онаа што постои, е нивната надеж дека ќе се врати времето кога туѓи политичари беа поважни од граѓаните. Тоа време заврши. Денес Македонија има влада која не клечи, туку стои исправено. Премиерот се среќава со светски државници, а не со советници од втор ред на странски фондации. Македонија не е ничиј експеримент“.
Македонија, акко што е наведено во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, се враќа на сопствени нозе, со почит и достоинство, и токму тоа домашните колаборационисти од СДС и ДУИ ги нервира најмногу.
„И додека тие лелекаат од Скопје, обидувајќи се да наметнат лажна слика за „дебакл“, јавноста гледа како нивните кадри ја клекнуваа државата на колена. И гледа како тие, денес бараат „златна виза“ за Дубаи, додека во Македонија зборуваат за правда и еднаквост. Вистинското лице на СДС е токму тоа: едно зборуваат, друго прават. Повикуваат на транспарентност, а бегаат во песочни палати на Блискиот Исток. Глумат патриоти, а први ги продаваат националните интереси. Глумат моралисти, а се први кога станува збор за личен интерес“.
Оваа Влада, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, нема да ви го исполни тој сон.
Потенцираат дека нема да има амнестии.