Македонија
Власта најавува изградба на нов студентски дом
Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски најави изградба на нов студентски дом во Скопје.
„Донесовме одлука и во рамки на Градот Скопје ќе се гради нов студентски дом. Следните денови ќе биде соопштена и предлог локацијата каде ќе се гради овој студентски дом, комплетно нов со нови сместувачки капацитети. Постојат варијации меѓу 500 и 1000 студенти“, изјави Ристовски на трибина на тема „Образованието и образовните реформи и процеси во Република Македонија“ во организација на институтот „Павел Шатев“.
Според него, Владата во изминатите неколку години се обидува да ја корегира состојбата во која се наоѓаат студентските домови.
„Во рамки на студентските домови со децении не беше ништо инвестирано. Имаме состојба во која во изминатите години приближно пет милиони евра инвестиција во реконструкција и санација на домовите. Ние како Влада за прв пат по без малку 40 години изградивме нови сместувачки капацитети, во студентскиот дом „Стив Наумов“, каде приближно два милиони евра се инвестирани. Минатата година ветивме и започнавме со темелна реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Правиме напори да го забрзаме целиот процес, реконструкцијата започна со блокот „Б“ и таа комплетно се заврши, се изработува мебелот за секоја соба поединечно за 14 ката. Очекувам во наредните недели да започнеме со дистрибуција на мебелот и студентите да почнат да се префрлуваат од блокот „А“ во блокот „Б“. Блокот „А“ целосно ќе се затвори, набрзо ќе биде распишан тендер и ќе започне и неговата реконструкција. Истовремено избрана е компанија која работи на изготвување проект за реконструкција и санација и на останатите два блока од „Гоце Делчев“, како и на мензата. Идејата и е во наредните месеци да се доврши комплетната реконструкција“, истакна Ристовски./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.