Контакт

Македонија

Тесна битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Објавено пред

 

Два часа по затворање на избирачките места на деветтите парламентарни избори во Македонија, бројките со кои располага Државната изборна комисијапокажуваат тесна разлика меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ има 113.872 гласа или 41,27 отсто, додека СДСМ има100.176 гласа односно 36,31 проценти, на пребројани 275.888 гласачки ливчиња.

По изборни единици, СДСМ има водство во шестата изборна единица, каде има 6.932  гласа или во проценти 17,87, а ВМРО-ДПМНЕ има 6.700гласа , а во проценти 17,27.

Во првата изборна едница разликата е во полза исто така на СДСМ и тоа за опозициската партија 14.245,  наспрема 13.402 гласови за ВМРО-ДПМНЕ или 39,09 наспрема 41,55 отсто.

Во втората изборна единица за ВМРО-ДПМНЕ гласале 18.485, а за СДСМ 16.074 или во проценти 39,34 отсто наспрема 34,21 отсто.

Третата изборна единица покажува најголема разлика во полза на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, каде оваа партија освоила 24.131 гласови или 54,34 отсто, а СДСМ 16.295 гласови, или 36,69 проценти.

Четвртата изборна единица во која се соочија лидерите на двете најголеми партии Никола Груевски и Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ води со 39.561 гласови или 48,51 отсто, а СДСМ со 36.279 гласови или 44,48 отсто.

Петата изборна единица повторно покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ со 11.361 глас или 38,05 отсто, а СДСМ со 10.583 гласови или 35,44 отсто./крај/мф

Македонија

Одобрени средствата за ААВМУ за мониторинг на изборите во медиумите

Објавено пред

Владата ја усвои одлуката за одобрување средства од буџетот на Република Северна Македонија во износ од 5.277.000 денари на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, за следење на изборните активности во 2020 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Објавено пред

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во раководењето со Министерството за труд и социјална политика. Ваквата одлука на Владата следува кога Собранието викендов ја разреши Рашела Мизрахи од функцијата технички министер.

„Во согласност со Законот за организација и работа на органите на државната управа, во делот 4, што го уредува раководењето со органите на државната управа и нивни меѓусебни односи, се вели дека заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест и други причини не е во можност да ја врши својата функција, со сите негови овластувања и одговорности во раководењето“, соопштија од Владата.

Мизрахи беше разрешена по барање на техничкиот премиер, Оливер Спасовски, поради тоа што ексминистерката држеше прес-конференции пред табла на која пишуваше Република Македонија. Според Спасовски, Мизрахи не го почитувала Уставот и ги ставила партиските над државните интереси.

Прикажи повеќе...

Македонија

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Објавено пред

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно побргу, со оглед дека двете земји ги исполниле условите за почнување преговори со Европската Унија.

ЕК очекува дека почнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија би можело да се случи пред самитот на ЕУ и Западен Балкан, кој е најавен за мај во Загреб. Портпаролката на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Ана Писонеро, истакна дека Комисијата смета оти и двете држави ги исполниле критериумите за почнување преговори.

„Комисијата останува на ставот и препораката да се отворат преговорите што е можно побргу затоа што и двете држави го направија тоа што беше побарано и продолжија со реформите“, рече Писонеро, пренесува „Танјуг“.

Таа додаде дека ЕК е подготвена и се надева дека тоа може да се случи пред самитот на ЕУ и Западен Балкан во Загреб, но не може да предвиди како земјите членки ќе го третираат прашањето. На неформалната средба на ЕУ со лидерите на Западен Балкан во неделата, претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лаен, истакна дека е во интерес на ЕУ да ги приближи двете земји до Брисел нарекувајќи го тоа приоритет на Комисијата.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави на конференцијата за безбедност во Минхен дека доколку резултатите од вонредните извештаи на ЕК за Северна Македонија и Албанија се позитивни, тој ќе го поддржи почетокот на преговорите на ЕУ со Скопје и Тирана. Вонредни извештаи за напредок на Северна Македонија и Албанија се очекуваат на почетокот на март.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во...

Македонија2 часа

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно...

Македонија2 часа

(Видео) Поради недостиг на обрасци, можно е МВР да забрани поднесување барања за пасоши

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер...

Регион3 часа

Милановиќ даде заклетва – ќе ја обединува Хрватска и ќе гради добри односи со соседите

Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред, претседател на Хрватска по давањето на свечената заклетва и...

Свет3 часа

Објавен таен документ на холандските разузнавачи за падот на малезискиот авион во Украина

Во јавноста е објавен таен документ од холандската разузнавачка служба за истрагата на падот на малезискиот авион на летот „МХ17“,...

Македонија4 часа

(Видео) Чулев: Спасовски набавил полициски чизми што не ги задоволувале критериумите за квалитет

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одобрил набавка на 3.000 чифта полициски чизми што не исполнувале четири од предвидените...

Македонија4 часа

Мицкоски пак го кани Заев на ТВ-дуел за да ги соочат аргументите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел за да ги соочат...

Македонија5 часа

(Видео) Судот ја исклучи јавноста од судењето за „Рекет“, Јовановски и Јанева беа против

Обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева се побунија на барањето од обвинителката Вилма Русковска јавноста да не ги слуша снимките...

Регион6 часа

Вучиќ најави дека парламентарните избори ќе ги распише на почетокот на март

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека ќе ги распише парламентарните избори во Србија на почетокот на март. „На почетокот на...

Свет8 часа

Три жртви во невремето во Велика Британија

Бројот на загинатите во невремето Денис, кое ја зафати Велика Британија, се искачи на три лица кога е пронајдено телото...

Регион8 часа

Рама: Помошта од донаторите ги надмина сите очекувања

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека сумата собрана на донаторската конференција во Брисел за обнова на неговата земја по разорниот...

Економија8 часа

Поскапеа цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет8 часа

Бројот на смртни случаи од коронавирус порасна на 1.868 лица, почина и директорот на болницата во Вухан

Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1.868 лица, што е 98 повеќе во однос на...

Македонија19 часа

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија21 час

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија1 ден

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ1 ден

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Македонија1 ден

Таткото на обвинетата сведочеше на судењето за убиството на Пино – Ангела криела дека Фуркан ѝ е дечко

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо, таткото на обвинетата Ангела, Златко Ѓорѓиевски, сведочеше како сведок на одбраната. Обвинителката...

Македонија1 ден

Јовановски двапати бил во куќата на Јанева – снимки од тајното следење пуштени на судењето за „Рекет“

Од посебните истражни мерки што биле спроведувани од 21 јуни 2019 година кон обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милески...

Досие