Македонија
Тодоров ги претстави слободните здравствени зони во Шпанија
Изминатите два дена македонскиот министер за здравство Никола Тодоров пред повеќе претставници од шпанскиот здравствен сектор го презентираше концептот на слободни здравствени зони, како и можностите и придобивките од инвестирање во нив, а воедно потпиша и меморандуми за соработка со тамошни реномирани здравствени установи.
Министерот за здравство, Никола Тодоров, во понеделникот и вторникот престојуваше во дводневна работна посета на Шпанија, во чиишто рамки оствари средби со менаџерите на повеќе реномирани медицински центри, меѓу кои Универзитетската општа болница во Валенсија, Универзитетската болница на Рибера во Алсира, како и Офталмолошката Фондација на Медитеранот, која е интегрирана во системот на фондацијата за развој на здравствените и биомедицински истражувања на заедницата на Валенсија – ФИСАБИО.Во текот на посетата на Универзитетската општа болница во Валенсија, министерот Тодоров оствари средба со Серхио Бласко Переперез, генерален директор на Конзорциумот на Општата болница во Валенсија и Ампаро Мора Кастелја, член за општествена добросостојба и здравје на Конзорциумот и доцент за биомедицинско истражување и развој на здравствените науки. Во рамки на средбата, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за здравство и споменатата реномирана здравствена установа.Меморандумот предвидува соработка од аспект на едукација на медицински персонал и останати здравствени работници, заедничко учество во истражувачки проекти, вклучувајќи и соработка во проекти за меѓународна помош преку Фондацијата за истражување и Министерството за здравство како и заемна размена на информации и заеднички придонес кон унапредување на функционирањето на институциите преку техниките за здравствен менаџмент.Министерот Тодоров се сретна и со советникот за здравство на Автономната заедница на Валенсија, Мануел Љомбарт Фуертес, при што ја потврдија заедничката посветеност на соработката во претстојниот период, како и со претседателот на Кралската академија за медицина на Заедницата на Валенсија, г. Антонио Љомбарт Бош, со кого е договорено потпишување на спогодба за научно-истражувачка работа. Воедно, Претседателот на Кралската академија за медицина упати покана до Министерот Тодоров да го презентира здравствениот систем на Република Македонија пред сите членови на оваа академија. Во рамки на работната посета на Шпанија, Министерот Тодоров оствари посета и на Универзитетската болница на Рибера, во Алсира, и се сретна со управителот на болницата, Мануел Марин. На средбата беа разгледани можностите за едукација на македонски здравствени работници во повеќе области, меѓу кои и во областа на проучување на системот на менаџирање со болницата, имајќи предвид дека станува збор за исклучително рационален модел кој овозможува големи заштеди за здравствениот фонд на државата.Универзитетската болница на Рибера е здравствена установа организирана по принципот на јавно-приватно партнерство, која обезбедува здравствени услуги за речиси 250 илјади пациенти. Оваа болница претставува референтна болница во регионот, особено откако била проучувана во рамки на изготвувањето на здравствената програма на САД.Во текот на работниот престој во Шпанија, Министерот Тодоров ја посети Офталмолошката Фондација на Медитеранот, која е интегрирана во системот на Фондацијата за развој на здравствените и биомедицински истражувања на заедницата на Валенсија – ФИСАБИО.На средбата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство и директорот на ФИСАБИО, со кој се предвидува организирање на обуки и едукации за доктори специјалисти, медицински сестри, РТГ техничари и други здравствени работници од Македонија во рамки на Офталмошката фондација. Исто така, со меморандумот се предвидува и активно вклучување на македонски здравствени работници како волонтери во рамки на научни и истражувачки проекти кои ги спроведува оваа фондација, како и нивно вклучување како автори на релевантни медицински статии и публикации. Воедно, со овој меморандум ќе се овозможи експерти од фондацијата да спроведуваат обуки во релевантни медицински центри во Македонија. /крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

