Македонија
Трагедија во Белград, четворица млади загинаа враќајки се од свадба
Четири лица загинале десетина минути по полноќ во судар на автомобил „рено клио“ и камион со турски регистерски ознаки во белградската населба Ресник, а една девојка која ја преживеала сообраќајката со тешки повреди е префрлена во Ургентниот центар, јавуваат српските медиуми.
Сите биле на возраст од околу 20 години. „Загинаа четири лица, тројца мажи и една жена. Исто така, една девојка на возраст од околу 20 години е префрлена во Ургентниот центар со тешки повреди“ изјавиле од Итна помош.Автомобилот од силината на ударот бил потполно смачкан, поради што освен полицијата, интервенирале и пожарникарите. Во Ургентниот центар се борат за животот на девојката, а оттаму потврдуваат дека девојката е во тешка состојба.До несреќата дошло кога автомобилот со белградски регистарски ознаки со најмалку четири патници, се забил во камион на Кружниот тек, кај мотелот „Илјада ружи“. РТС јавува дека се работи за млади лица кои се враќале од свадба. Сите настрадани биле патници на „реното“ додека возачот на камионот не е повреден. Тој е приведен после несреќата и задржан во полициска станица. /крај/блиц/тј
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

