Македонија
United Group, сопственикот на „Тотал ТВ“, го презеде бугарскиот Vivacom
United Group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во чиј состав во Македонија функционира Тотал ТВ, денес го објави завршувањето на аквизицијата на компанијата Vivacom.
Претходно, во април 2020 година, Европската комисија ја одобри аквизицијата, додека договорот за преземање беше потпишан во ноември 2019 година, откако United Group победи на тендерот за купување на оваа водечка телекомуникациска компанија во Бугарија.
Vivacom е прва телекомуникациска компанија во Бугарија, со најголеми приходи помеѓу операторите во оваа земја во изминатите седум години. Тие имаат изградено водечка позиција на пазарот со целосно разбирање на потребите на корисниците, како и воведување на технолошки иновации за обезбедување на напредни, високо квалитетни услуги на интернет, мобилната телефонија и дигиталнатa телевизија, наменети за поединци и деловни корисници.
Преземањето на Vivacom е најнов потег во рамките на стратегијата за раст на United Group, по преземањето на TELE2 во Хрватска на почетокот на 2020 година и договорот за аквизиција на грчкиот телекомуникациски оператор Forthnet, кој наскоро ќе биде реализиран. Работејќи истовремено во телекомуникацискиот и медиумскиот бизнис, United Group ги обединува водечките оператори и најдобрите производители на медиумски содржини во Југоисточна Европа. Накрајот на годината, ќе има повеќе од 10 милиони корисници и повеќе од 11 илјади вработени.
Викторија Боклаг, извршен директорна United Group, изјави: „Vivacom ја воспостави позицијата број 1 во Бугарија со одлично управување, импресивни финансиски резултати, технолошки подобрувања и исклучителна тимска работа. Со јасна визија и стратегија за иднината, „United Group“ се здоби соуште еден лидер на пазарот во регионот, а нашиот комбиниран талент, искуство и големина гарантираат дека на пазарот од 27 милиони луѓе во Југоисточна Европа и нашата дијаспора ширум светот можеме да обезбедиме телекомуникациски услуги од најнова генерација и најдобри странски и домашни ТВ содржини “.
Никос Статопулос, еден од партнерите во инвестицискиот фонд BC Partners и претседател на United Group, потенцира:
„Преземањето на Vivacom е важен чекор во спроведувањето на стратегијата за раст на United Group, затоа што сакаме да го прошириме нашето географско присуствово Европа. Бугарскиот телекомуникациски сектор е дел од динамична економија, која ќе ни обезбеди силно упориште на еден од стратешки клучните пазари.
„За Vivacom, влегувањето во семејството на United Group претставува огромна можност за уште побрз раст на веќе одличните резултати. Имаме изградено силен бренд, синоним за квалитет и иновација и модерна компанија со повеќеод 5.000 посветени работници низ целата земја. Вистинско време е да го направиме следниот чекор и со нетрпение очекуваме да работиме заедно и да размениме искуства со United Group за да ги зголемиме нашите услуги во Бугарија на уште повисоко ниво. “,рече Атанас Добрев, извршeн директор на Vivacom.
„Vivacom постигна импресивни резултати, не само како најголем телекомуникациски оператор во Бугарија, туку и како лидер во иновациите. Ова е резултат на силен менаџерски пристап и професионализам на нашите вработени, а со поддршка и дополнителни инвестиции на „United Group“, потенцијалот за натамошен раст на Vivacom во Бугарија е голем “, заклучи Претседателот на Надзорниот одборна Vivacom, Спас Русев.
United Group во моментов работи во 7 држави преку копманите SBB, Telemach, Tele2 Хрватска, Total TV, NetTV Plus United Cloud, United Media со телевизиските канали Nova, N1, Nova S, Nova BH, Nova M, Doma, Sport Klub, Fight Ch, Mini, Grand, Pikaboo, Vavoom, Cinemania, Loviribolov, IDJ, Brainz, порталот nova.rs, маркетинг агенциите Cas Media и Direct Media и e-commerce бизнис Shoppster.
United Group има повеќе од 10,000 вработени кои обезбедуваат услуги на над 9,3 милиони претплатници. United Group е во сопственост на BC Partners една од најголемите глобални инвестициски компании во светот.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.
Македонија
Повредата на данскиот скијач не се случила на патека под наша надлежност, велат од Ски центарот „Попова Шапка“
Повредата на скијачот од Данска не се случила на официјална патека администрирана од „Попова Шапка“, бидејќи ски-лифтот „Церипашина“ не бил во функција поради силните ветрови и неповолни временски услови, информираат од Ски Центарот.
Се додава дека скијачот бил гостин на приватен оператор кој работи надвор од патеките управувани од овој центар.
„Ски центарот сноси одговорност исклучиво за патеките и просторот што се под наша официјална администрација и управување, а не и за зоните каде што оперираат трети страни надвор од овие патеки“, се наведува во соопштението на Ски Центарот Попова Шапка..
И покрај тоа, веднаш по добивањето на информацијата за повредата, спасувачката единица излегла на терен за да обезбеди помош и да асистира при транспортот и третманот на повредениот.
Од Центарот посочуваат дека безбедноста на посетителите останува врвен приоритет и му се заблагодаруваат на спасувачкиот тим за брзата и професионална реакција.
„Макфакс“ претходно објави дека 24-годишниот скијач од Данска бил пронајден на Попова Шапка, а според информациите од полицијата тој бил повреден од снежна лавина и со повреди пренесен во болница во Скопје.

