Македонија
Уставниот суд ја образложи одлуката за помилувањето
Уставниот суд ги објави одлуката и образложението зошто мнозинството судии гласале за можноста на претседателот да му се дадат законски ингеренции за изборни измами во форма на помилување за осудени, но и ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, заменување на изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или определува бришење на осудата, или претседателот да ја укинува, односно определува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната.
Во образложението на мнозинството уставни судии кои гласале се вели:„За Судот, воопшто не е спорна општествената опасност на кривичните дела кои со оспорениот закон се изземени од можноста за давање на помилување. Но, таа не може да се прифати како критериум или причина за таквото изземање, бидејќи општествената опасност е истовремено обележје и на другите кривични дела кои не се изземени, при што за некои од нив може да се изречат и најстрогите казни кои се предвидени со Кривичниот законик.Тоа што претседателот на Републиката има ваква надлежност, не значи дека би се дало помилување за секој сторител за секое сторено кривично дело, туку оваа надлежност ќе се оствари во оние случаи кога претседателот ќе оцени дека треба да се даде помилување, земајќи ги во предвид и карактеристиките на сторителот, но и делото кое е сторено. Притоа, општествената опасност на стореното дело веќе била санкционирана со тоа што било предвидено како кривично дело и со правосилната пресуда со која се изрекува санкција предвидена од законодавецот.Според Судот, ограничувањето на правото за давање на помилување на претседателот на Републиката, значи навлегување во неговата уставна надлежност од страна на законодавецот. Доколку би се прифатила можноста законодавецот да има вакво право, се поставува прашањето која би била границата и критериумот за таквото ограничување и дали на ваков начин би се изгубила смислата на уставниот институт помилување, кој би зависел од перцепцијата на законодавецот и одредени појави во одредено време во општеството.Уставотворецот со нормите во Уставот на Република Македонија, не го ограничил помилувањето за конкретни кривични дела, односно со Уставот не се утврдува кои кривични дела може, а кои не може да бидат опфатени со уставниот институт помилување. Со оглед на тоа, општото дефинирање со закон за кои кривични дела може, а за кои не може да се дава помилување, нема никаква уставна основа, бидејќи Уставот не се впуштил во општо набројување за кои кривичини дела не може да се даде помилување, особено поради неспорната правна основа дека индивидуализацијата е елемент на помилувањето. Во случајот, со новиот став 3 од член 1 од оспорениот закон, се повредува и уставното право на еднаквост на граѓаните од член 9 од Уставот на Република Македонија. Имено, осудените сторители на кривичните дела за кои законодавецот предвидел да не може да се даде помилување, се лишуваат од можноста да бидат помилувани, за разлика од осудените сторители на другите кривични дела, што претставува различно третирање на лица кои имаат ист статус (осудени лица) и се наоѓаат во иста правна ситуација.Имајќи го во предвид сето претходно наведено, произлегува дека уставното овластување на законодавецот од член 84 алинеја 9 од Уставот, со закон да го уреди помилувањето, не значи и можност за него да утврдува за кои кривични дела претседателот на Републиката не може да дава помилување. Ова оттаму што, законодавецот е ограничен со темелната вредност на уставниот поредок – поделба на власта на законодавна, извршна и судска, уставното право на еднаквост на граѓаните и уставната позиција на претседателот на Републиката, но и со начинот на кој нашето кривично законодавство ги дефинира кривичните дела. Како дополнителен аргумент е тоа што и самиот законодавец согласно Уставот, има право да дава амнестија која според својата содржина и правно дејство е слична со помилувањето, а како кривично-правен институт е исто така дефинирана со Кривичниот законик. Така, според член 113 од овој законик, на лицата кои се опфатени со акт за амнестија им се дава ослободување од гонење или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, им се заменува изречената казна со поблага казна, им се определува бришење на осудата или им се укинува определена правна последица од осудата.Притоа, давањето на амнестијата се разликува од помилувањето по тоа што таа е акт на законодавецот (се донесува во форма на закон), се дава на неодреден број на лица и согласно законската дефиниција, со неа изречената казна може да се замени само со поблага казна, а не и со алтернативни мерки како кај помилувањето, определената правна последица може само да се укине и не е предвидено да може со неа да се определи укинување или пократко траење на казните забрана на вршење на професија, дејност или должност, забрана на управување со моторно возило на сторителите кои се возачи по занимање и протерување на странец од земјата како кај помилувањето.Ова свое право, од донесувањето на Уставот на Република Македонија, законодавецот го има искористено неколку пати, при што самиот утврдувал за кои кривични дела ќе го искористи ова право, а со оглед дека не постои уставно ограничување за тоа.Понатаму, со член 5 од оспорениот Закон за изменување и дополнување на Законот за помилување, по членот 5 се додава нов член 5-а во чиј став 1 се предвидува дека претседателот на Република Македонија со одлука формира Комисија за помилување со која го определува составот и бројот на членовите на Комисијата која донесува деловник за начинот на нејзината работа. Повторно станува збор за ново законско решение какво што не е предвидено со Законот за помилување од 1993 година.Неспорна е потребата од постоење на стручно тело кое би му помагало на претседателот во вршењето на својата уставна надлежност, но она што ова законско решение го прави проблематично од уставна гледна точка, е тоа што законодавецот нема уставно овластување да уредува прашања кои се однесуваат на внатрешната организација и работа на претседателот на Републиката како еден од органите на државната власт“.При оваа одлука, дел од судиите гласаа против и во нивното издвоено мислење се вели:„Спротивно на искажаниот став на мнозинството судии, сметаме дека укинувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување е потполно неосновано од аспект на неговото оценување по однос на Уставот и дека тој не е во спротивност со член 8 став 1 алинеи 3 и 4, член 9 и член 84 алинеја 9 од Уставот на Република Македонија. Сметаме дека сериозно отсуствува втемелена и квалитетно образложена аргументација, првенствено што се однесува до резонот за целосно укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување, но и аргументација која (како што досега беше и долгогдишната вообичаена пракса на Судот) ќе ја образложи крупната касаторна интервенција на Судот поединечно по членови по однос на укинатите одредби, а таква во оваа Одлука не постои. Со оглед на тоа дека друга уставна разработка на надлежноста за помилување во рамките на Уставот нема, сосема јасно и разбирливо е дека Уставот препушта се што е во врска со помилувањето да биде регулирано со закон. Значи, воопшто не е издржан ставот на мнозинството судии дека законодавецот нема уставно овластување да уредува прашања кои се однесуваат на внатрешната организација и работа на Претседателот на Републиката, со оглед на тоа што Уставот евидентно му го дозволува тоа. Законодавецот при уредување на помилувањето со закон не излегува надвор од своите уставни надлежности, бидејќи Претседателот е ограничен со постојната уставна рамка односно со законската процедура кога дава помилувања. Наведеното јасно укажува дека меѓу другото, уредувањето на прашањето на помилувањето преку закон, односно во согласност со закон, единствено и неприкосновено припаѓа на законодавецот (Собранието) според член 68 став 1 алинеја 2. За жал, Одлуката на Уставниот суд не покажува конзистентност во оваа насока и сметаме дека намерно се губат предвид членовите од Уставот кадешто конкретизираат и упатуваат кон одредена материја да се уреди со закон.По однос на укинатиот член 1 став 3 и 4 кој таксативно набројува на кои лица осудени за определени кривични дела не може да се даде помилување (против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал сторени спрема деца и малолетни лица, против здравјето на луѓето по однос на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за кривични дела против човечноста и меѓународното право), сметаме дека со оглед на уставната можност за законска дискреција во уредувањето на ова прашање од страна на Собранието, членот не требаше да се укине. т. Исто така сметаме дека со укинатиот став 3 од член 1, не се повредува и уставното право на еднаквост на граѓаните од член 9 од Уставот на Република Македонија. Наспроти ставот наведен во Одлуката, сметаме дека кога се во прашање конкретните кривични дела, не се работи за различно третирање на лица кои имаат ист статус (осудени лица) и се наоѓаат во иста правна ситуација, бидејќи се работи за лица-сторители на различни кривични дела кои повлекуваат различна кривична одговорност, сообразна со природата на делото. По однос на укинатиот член 5 (односно 5-а) каде се уредува формирањето, составот и бројот и начинот на работа на Комисијата за помилување, која е тело од техничко-помошен и советодавен карактер, сметаме дека законодавецот има уставно овластување да го уреди и ова прашање со закон, онака како што му наложува Уставот. Во системот на контрола и баланс на власта примарно определен помеѓу законодавецот и Претседателот, своја улога игра и Комисијата која со својата работа според закон, администрирајќи го процесот ја канализира волјата на Претседателот.“/крај/мф/бб Copyright 2016 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax. Во спротивно makfax го задржува правото да го фактурира преземениот текст согласно својот ценовник и правила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР
Македонија
Ѓорѓиева: Со измените на Кривичниот закон се враќа правдата во државата
Весна Ѓорѓиева, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на 80-та седница во Собранието на која се расправаше и Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, при што истакна дека измените се однесуваат на суштинското прашање, а тоа е да ја вратат правдата и функционалноста на системот преку појасни одредби. Според неа, без функционален и праведен систем не може да постои ниту стабилна држава, ниту сигурност за граѓаните.
,,Нашите граѓани ќе ја гледаат сигурноста кога ќе биде сигурен правниот систем во државата“, рече Ѓорѓиева.
Таа се осврна на членот 353 од предлог законот, со кој како што посочи, се враќа суштината на кривичното дело злоупотреба на службена положба.
,,Се враќа суштината на злоупотреба на службена положба, пречекорување на овластувањата или неизвршување на службена положба. Со овој закон се распушта претходниот закон во 2023 година кој беше донесен од СДС и ДУИ, каде што беше разводенет, односно каде што казните беа намалени, дејствијата беа потешко докажливи, а роковите за застареност беа скратени“, истакна Ѓорѓиева.
Според неа, законот не е наосочен против оние кои работат чесно, туку против корупцијата и злоупотребата на службената положба.
,,Држава без кривичен закон е како држава без рбтет. А држава без рбет секој може да ја скрши. Почитувани граѓани, овој закон е порака до секој што мисли дека државата е приватен бизнис, овој закон е порака дека времето на неказнивост завршува и да, можеби на некому тоа не му одговора, но на народот тоа му одговара, и тоа го бара од нас“, вели Ѓорѓиева.
Македонија
Ангелова: Измените на Кривичниот законик се клучни за посилна заштита на жените од насилство и зголемување на сообраќајната безбедност
На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која истакна дека измените во Кривичниот законик претставуваат суштински чекор за враќање на довербата на граѓаните за правна држава каде криминалот и корупцијата нема да бидат толерирани, туку ќе бидат соодветно санкционирани.
„Овој предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик претставува неопходен и одговорен чекор кон враќање на правната сигурност, владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите. Со него државата јасно ја испраќа пораката дека корупцијата, злоупотребата на службената положба, организираниот криминал и насилството нема да бидат толерирани, ниту релативизирани преку законски празнини и непропорционално благи санкции“, рече Ангелова.
Пратеничката посочи дека ќе се постигне подобра заштита на приватноста на граѓаните, безбедност во сообраќајот, посилна заштита на жените од семејно насилство како и јасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки.
„Со предложеното решение ќе се постигне враќање на превентивната и репресивната функција на казненото право особено кај делата злоупотреба на службена положба, организиран криминал и корупција. Јасна и ефикасна правна рамка за гонење на злоупотреби во јавните набавки, подобра заштита на приватноста и достоинството на граѓаните, посилна заштита на жената од насилство,семејно насилство со гонење по службена должност во согласност со Истанбулската конвенција, подигнување на безбедноста во сообраќајот преку поостри санкции. Се зголемува и јавната безбедност на патиштата“, вели Ангелова.
Пратеничката Ангеловска се осврна на клучните поенти за жените истакнувајќи дека со овој предлог-закон жената е заштитена од дигитално насилство, од семејно насилство, а со тоа постигнување на реална заштита и сигурност на жената во државата.
„Посилна институционална заштита од насилство врз жените и семејно насилство со гонење по службена должност државата ја трга одговорноста од жртвата и јасно застанува на страната на жената. Заштита на приватноста и телесниот интегритет на жените, инкриминирање на злоупотребата на интимни снимки директно ги штити жените од уцени дигитално насилство и јавно понижување. Европски стандарди, европска заштита за жените законот директно ги имплементира европските и меѓународните обврски и ја позиционира како партнер во борбата за еднакви можности и човекови права“, рече Ангелова.

