Македонија
Уставните судии расправаат за аболицијата која е веќе повлечена
Уставните судии треба да гласаат дали ќе поведат иницијатива за оценување на уставноста на помилувањата, одлука на Претседателот Ѓорге Иванов којашто е веќе повлечена.
Судија известител за оваа иницијатива е судијката Гзиме Старова која смета дека Уставниот суд не може да ја оценува уставноста на помилувањата бидејќи тие веќе не постојат во правниот поредок.„Во овој случај имајќи го предвид наведените уставни и деловнички права и пред се фактот што оспорените одредби по поднесувањето на иницијативата престанале да важат и со самото тоа веќе не се дел од правниот поредок и поради тоа цениме дека не постојат процесни претпоставки за нивно оценување односно не можат да бидат предмет на оценување на уставноста пред овој Суд“, рече Старова. Никој од другите судии не се јави за расправа, а по завршувањето на седницата судиите ќе гласаат дали ќе поведат иницијатива за оценување на уставноста на аболицијата.На 12 април, Претседателот помилува вкупно 56 политичари и нивни соработници, дел од нив осомничени во истрагите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а дел од нив воопшто не беа осомничени во никаква постапка. По протестите што ги организираа граѓаните во знак на револт на оваа одлука, по повеќе од месец и половина, Иванов ја повлече одлуката.Оценувањето на уставноста на Специјалното јавно обвинителство се уште не се знае кога ќе биде ставено на дневен ред на седницата на Уставниот суд./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Пораките на Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници
Пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио од Минхенската безбедносна конференција се јасен сигнал за сите сојузници, светот веќе не функционира по старите правила. Како Влада, продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница.
Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме нашата одбрана и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски, од Минхен.
Мицкоски од вчера престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.
Македонија
Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница
Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек, соопшти денеска СВР Куманово. Како што наведуваат од кумановската полиција, на 12-ти февруари, осомничениот влегол во нејзиниот дом, физички ја нападнал и со перница ја задушил жената.
-Вчера во 19:30 часот во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода Т.Б.(25) од с. Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик. Тој се сомничат дека на 12-ти февруари во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото, соопшти полицијата.
Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане. Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
СДСМ: Две недели без одговор како 5 тони дрога поминале преку граница, бараме одговорност од Мицкоски
СДСМ обвинува дека и по 14 дена нема одговор од институциите за, како што велат, „најголемиот нарко-скандал во регионот“, поврзан со транспорт на пет тони дрога преку државната граница.
Од партијата посочуваат дека молчат премиерот Христијан Мицкоски, како и повеќе функционери, оценувајќи дека тоа отвора сомнежи за одговорност на власта.
„Овој гласен молк е најсилна потврда дека скандалот води до врвот на Владата“, се наведува во соопштението.
СДСМ реагира и на изјавите дека биле запленети 100 тони марихуана, оценувајќи дека доколку постоело толкаво производство, тоа претставува сериозен пропуст на институциите.
Според нив, за такво количество би била потребна површина од над 30 хектари, поради што прашуваат дали биле извршени контроли од надлежните служби, вклучително и полицијата, инспекторатите и безбедносните агенции.
Партијата дополнително прашува како пет тони дрога биле транспортирани со товарни возила покрај системите за надзор, камерите и граничните контроли.

