Македонија
Уште еден смртен случај во гевгелиската болница

Девојче починало во гевгелиската болница вечерта во саботата спроти неделата откако испило лекови.
Семејството на четиринаесетгодишното девојче од Миравци за трагедијата го обвинува персоналот во гевгелиската болница. Според нив, и покрај сериозноста на ситуацијата, биле неажурни и не ја испратиле пациентката за Скопје.Според роднините на девојчето, тоа починало додека го чекало болничкото возило кое доцнело цел час. Од друга страна, наспроти обвинувањата на семејството, од болницата изјавиле дека девојчето било донесено три часа откако дома испило лекови и било во исклучително тешка коматозна состојба. Докторите уверуваат дека направиле сè што било во нивна моќ.Ова е втор смртен случај за неколку дена во гевгелиската болница по смртта на родилката и на нејзиното бебе. /крај/мф
Извор: Телма, Пресс 24
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)