Контакт

Македонија

Утре, променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Град Скопје со финансиска помош за Венецуела, објави Ѓорѓиевски

Објавено пред

Град Скопје ќе додели финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски:

„Град Скопје со помош за Венецуела – Скопје, град на солидарноста!
Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес.
Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна“.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје, додава во објавата Ѓорѓиевски, не остана само.

„Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела.
Тоа Скопје не го заборава.
Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка.
Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела.
Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.
Нашите мисли се со сите граѓани кои минуваат низ овие тешки моменти.
Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела.
Затоа Скопје денес е светски град.
Скопје памети.
Скопје сочувствува.
Скопје помага“, напиша скопскиот градоначалник..

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Крмов: Големите партии не бараат компромис – бараат изговор да закочат една изборна единица

Објавено пред

По денешната средба на политичките партии за измените на Изборниот законик, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, истакна дека Левица повторно настапила конструктивно и понудила компромисно решение, но предупреди дека постои основано сомневање дека големите партии бараат нови причини повторно да не се воведе една изборна единица:

„Нашето компромисно решение беше да помине една изборна единица, а гласањето на дијаспората по пошта да биде пилот-проект само за претседателските избори. Тоа беше прифатено од ДПМНЕ, но и понатаму имаме основано сомневање дека постои договор меѓу поголемите партии една изборна единица повторно да не помине”.

Крмов истакна дека ДПМНЕ перфидно во име на коалицијата го прифатиле решението на Левица, но дека за целосно усогласување на ставовите топката ја префрлиле на опозицијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Тренчевска: Нема што СДСМ да се договара со опозицијата за Изборниот законик, проблемот е кај власта

Објавено пред

Намерата на власта не била реформа и подобрување на Изборниот законик, туку изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората, обвини пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска.

„Се потврди дека намерата на власта не беше ниту за реформи, ниту за подобрување на Изборниот законик, туку само за изборен грабеж и манипулација со 200.000 гласови на дијаспората“, изјави Тренчевска.

Таа реагираше на повикот опозициските партии меѓусебно да се договорат за измените на Изборниот законик, наведувајќи дека СДСМ нема што да се договара со опозицијата и дека, според неа, проблемот е кај власта.

„Нема што СДСМ да се договара со опозицијата. Проблемот е кај власта, кај Мицкоски, кој сака да манипулира со 200 илјади гласови“, рече Тренчевска.

Таа праша дали ВМРО-ДПМНЕ претходно тврдеше дека веќе има договор со Левица и ДУИ и дека партиите учествувале на лидерска средба.

Според Тренчевска, реформската агенда не му е важна на премиерот Христијан Мицкоски, туку служи како „изговор и алиби“ за неисполнетите реформи во евроинтеграцискиот процес.

„Прво беше електронско гласање, откако не им помина, гласање по пошта – и двата модели по нивна мерка за совршена кражба на гласови“, обвини Тренчевска.

Таа посочи дека одредбите треба да почнат да се применуваат од изборите во 2029 година и оцени дека има доволно време за изградба на сериозен, сигурен и кредибилен модел преку широка јавна дебата и политички консензус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 секунди

Утре, променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за пороен дожд и грмежи

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен...

Свет15 минути

Трамп: И Путин и Зеленски сакаат мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Анкара дека претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, со кои...

Македонија29 минути

Град Скопје со финансиска помош за Венецуела, објави Ѓорѓиевски

Град Скопје ќе додели финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот во Венецуела, објави...

Свет40 минути

Белгискиот министер за одбрана до Трамп: Оставете ја „кралицата“ Мелони на мира

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да не ја допира италијанската премиерка Џорџа...

Економија56 минути

(Видео) Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

Додека власта обидува да го претстави ребалансот како развоен, суровите бројки покажуваат тотален колапс и неодговорно планирање. Овој ребаланс не...

Свет1 час

Шефот на НАТО: Трамп беше во право, Арктикот мора да се заштити од Кина и Русија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја коментираше стратешката ситуација на Арктикот и идејата на Доналд Трамп за купување на...

Свет1 час

Трамп: Гренланд треба да биде управуван од САД, а не од Данска

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој денеска пристигна во Анкара на Самитот на НАТО, изрази големо разочарување од Алијансата. По пристигнувањето...

Македонија1 час

(Видео) Крмов: Големите партии не бараат компромис – бараат изговор да закочат една изборна единица

По денешната средба на политичките партии за измените на Изборниот законик, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, истакна...

Црна хроника1 час

Тешка сообраќајка во Гостивар: Повредени седум лица

Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во населбата Млаки во Гостивар, информира МВР. Несреќата била пријавена...