Македонија
Вајгл: Секое одложување на Договорот може да предизвика проблеми за државата
Спроведување на Договорот од Пржино е од голема важност, а секое одложување може да предизвика големи проблеми за државата, смета европратеникот Иво Вајгл кој е во посета на Македонија.
„Искрено се надевам дека договорот од Пржино ќе биде применет и дека времето ќе биде испочитувано. Во спротивно може да се случи земјава да западне во голема криза. Не станува збор за пробивањето на поединечните рокови за ден или два, туку за контиунуираното спроведување на целиот процес, зошто тоа ќе биде корисно за сите и е во интерес на земјата. Секое непотребно одложување може да предизвика големи проблеми за државата“, рече европратеникот Иво Вајгл по средбата со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Вели дека искрено се надевале дека кризата во државата е надмината со потпишување на договорот од Пржино и ги повика медиумите да вршат поголем притисок врз политичките партии за да се придржуваат до обврските од договорот.На новинарско прашање дали во извештајот за напредокот што е во фаза на подготовка ќе има нова препорака, тој рече оти искрено се надева дека извештајот нема да биде полош од лани и дека во него ќе ја видиме Македонија како идна кредибилна членка на Европската унија.„Тоа зависи од дебатата во Парламентот, имплементацијата на договорот, како и од тоа дали во април ќе се спроведат демократски избори“, рече Вајгл.
Претседателот на СДСМ го запозна известувачот Вајгл за прекршувањето на Договорот со што е оневозможена автономната работа на специјалната јавна обвинителка, загарантирана со Законот за специјално јавно обвинителство.„Ова е обид на власта на Груевски СДСМ да се откаже од преговарачкиот процес и обид за саботирање на самостојната работа на специјалната јавна обвинителка“, оцени претседателот Заев, соопштија од СДСМ.Вајгл по неговото пристигнување во Скопје вчера попладне досега се сретнал со специјалната обвинителка Катица Јанева и со лидерите на политичките партии, со претставниците на УНХЦР, а посетата му завршува по средбата со вицепремиерот Фатмир Бесими./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

