Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да побара распуштање на Собранието, ДС веќе го стори тоа

Објавено пред

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бара од опозициската СДСМ да достави предлог до Собранието тоа да се распушти, затоа што од вчерашниот марш увиделе дека опозициската партија не е задоволна од актуелната власт, но доскорешниот коалициски партнер на власта, Демократскиот сојуз на Павле Трајанов соопшти дека во среда веќе го направил тоа.

dobivaj vesti na viber

„Поттикнати од вчерашниот собир во организација на СДСМ/Сорос, од нивната празна реторика која ја слушаме десет години наназад, како и од желбата на огромното мнозинство на граѓани кризата наметната од СДСМ да заврши и да се стави крај на политичкото заложништво, конфликтите и деструктивноста, го повикуваме СДСМ уште денес да достави барање до Собранието на Р. Македонија за негово распуштање.  Доколку СДСМ собере храброст, го повикуваме претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да ја стави таа точка на дневен ред за да биде разгледана и усвоена“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Демократскиот сојуз, пак, соопшти дека до Собранието на Република Македонија, доставил предлог-одлука со која бара Парламентот да се распушти, со што ќе се создадат уставни можности, изборите да се одржат на 11 декември 2016 година.„Согласно договорот од 31 август 2016 година, четирите партии констатираа дека има услови за одржување на предвремени парламентарни избори, при што како датум го определија 11 декември. За подготовка на сите партии за учество на изборите неопходен е период од најмалку два месеца, поради што предлагаме во текот на денот распуштање на Парламентот“, велат од ДС.Сметаат дека освен предложените промени за работата на СЈО и заштитени сведоци, други реални причини за одложување на самораспуштање на Парламентот нема.„Севкупната криза во Македонија предолго трае и ги загрозува перспективите и развојот на земјата, поради што се неопходни промени на власта, кои можe да се случат на фер, демократски и кредибилни избори. Демократскиот сојуз очекува поддршка од сите парламентарни партии и независни пратеници“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.Претходно пишувавме дека Собранието нема да се распушти на 12 октомври поради недонесувањето на предлог-буџетот за 2017 година, а според собраниските служби, за да се распушти законодавниот дом потребно е да поднесат иницијатива партиите или некој од пратениците.Собранието нема да се распушти на 12 октомври, односно 60 дена пред предвремените парламентарни избори, но тоа е и најраниот рок за распуштање. Причината за одлагањето на распуштањето на Собранието и според ВМРО-ДПМНЕ и според СДСМ е поради неусвојувањето на предлог буџетот за 2017 година.Во Собранието веќе е закажана и седница на 13 октомври в четврток при што на дневен ред се ставени низа предлог-закони. Од собраниските служби велат дека за да дојде на дневен ред распуштањето на Собранието потребно е политичките партии застапени во законодавниот дом или некој од пратениците да поднесат иницијатива, а Собранието ќе работи сѐ додека тоа не се случи.Согласно законот, Собранието треба најрано да се распушти на 12 октомври односно 60 дена пред избори или најдоцна до 27 октомври, 45 дена до изборите за тие да се одржат на закажаниот датум 11 декември. Со тоа се дава можност и Собранието евентуално да расправа и за измените за законот за СЈО и за заштитени сведоци, кои пратениците не прифатија да бидат донесени по скратена постапка. За потсетување, во петок, во посета на Македонија доаѓа и еврокомесарот Јоханес Хан./крај/мф/бб

Македонија

(Видео) „Не сакаат опозиција во министерствата за да не се види криминалот и корупцијата“, вели Димитријевиќ

Објавено пред

Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ сака укинување на техничката влада за да ја скрие корупцијата и криминалот во институциите, рече генералниор секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес конференција.

dobivaj vesti na viber

„Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија“, истакна Димитријевиќ.

Тој нагласи дека антикорупцискиот тим на СДСМ веќе изнесе дел од скандалите, но дека вистинската состојба е многу посериозна.

„Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем“, рече Димитријевиќ.

Како пример тој го посочи скандалот со европските средства.

„Скандалот со ИПАРД 3 видовте, има и уапсен директор од ВМРО заради корупција и злоупотреба на европски пари. Можете да замислите што сè се случува во Министерството за земјоделство. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерството. Затоа не сакаат техничка влада“, посочи Димитријевиќ.

Димитријевиќ потсети и на сериозни финансиски злоупотреби, како 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета и 1,2 милиони евра тендери во Пошта.

„Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функционери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со коишто практично се укинува слободата на говорот на опозицијата. Заклучокот е едноставен – не се созреани условите за укинување на техничката влада поради криминалната власт. Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме. Заедно ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните“, рече Димитријевиќ на денешната прес конференција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Објавено пред

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур е на првото место, додека Јапонија и Јужна Кореја се изедначени на второто место. Индексот ги рангира пасошите според бројот на дестинации до кои нивните носители можат да пристапат без претходно добивање виза, пишува CNN.

dobivaj vesti na viber

Носителите на пасоши во Сингапур имаат пристап без виза до 192 од 227 дестинации следени од индексот, додека јапонските и јужнокорејските пасоши дозволуваат влез до 188 дестинации. Следат низа европски земји: Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска и Швајцарија го делат третото место со пристап до 186 дестинации.

Четвртото место, со резултат од 185 дестинации, го заземаат десет земји, вклучувајќи ги Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија и Италија. Хрватска е на шестото место, а нејзините граѓани можат да патуваат во 183 земји без виза. Таа ја дели позицијата со Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд и Полска.

Македонија е рангирана на 38 место со можност за влез без виза во 128 држави.

Минатата година пак најдобро рангирана земја од регионот била Грција, чиј пасош се најде на 6. место со можност за посета на 186 држави без виза.

Од друга страна Обединетите Арапски Емирати го постигнаа најзначајниот напредок во 20-годишната историја на индексот, додавајќи 149 дестинации без виза од 2006 година и искачувајќи се за 57 места на ранг-листата. Спротивно на тоа, Велика Британија го забележа најголемиот пад од година во година, со пристап без виза до 182 дестинации, осум помалку отколку пред 12 месеци.

Соединетите Американски Држави се вратија на десеттото место со пристап до 179 земји, но тоа не одразува целосно закрепнување, бидејќи 37 земји се пред САД на ранг-листата. САД го изгубија пристапот без виза до седум дестинации во изминатата година, а паднаа за шест места во последните две децении, од четврто на десетто место, според индексот.

Експертите истакнуваат дека моќта на пасошот ги одразува пошироките геополитички трендови. „На крајот на краиштата, моќта на пасошот ја одразува политичката стабилност, дипломатскиот кредибилитет и способноста за обликување на меѓународните правила“, вели Миша Глени, новинарка и ректорка на Институтот за хуманистички науки во Виена, во извештајот.

„Како што трансатлантските односи стануваат затегнати, а домашната политика станува сè понестабилна, ерозијата на правата за мобилност за земји како САД и Велика Британија е помалку техничка аномалија, а повеќе сигнал за подлабока геополитичка рекалибрација.“

На дното на листата е Авганистан, чиј пасош дозволува влез во само 24 дестинации без виза. Сирија (26) и Ирак (29) се исто така близу до дното, покажувајќи јаз од дури 168 дестинации помеѓу највисоко и најниско рангираните пасоши.

„Во текот на изминатите 20 години, глобалната мобилност значително се прошири, но придобивките беа нерамномерно распределени“, вели Кристијан Х. Каелин, претседател на Henley & Partners.

„Денес, привилегијата за пасош игра одлучувачка улога во обликувањето на можностите, безбедноста и економското учество, при што зголемениот просечен пристап ја маскира реалноста дека придобивките од мобилноста се сè повеќе концентрирани меѓу економски најмоќните и политички најстабилните нации во светот.“

„Хенли и Партнерс“, фирмата зад индексот, им помага на поединците да стекнат двојно државјанство, а Американците сочинуваа 30% од нејзините клиенти во 2025 година. Сепак, неколку европски земји ги заострија барањата за државјанство.

Постојат и други индекси, како што е оној на „Артон Капитал“, кои користат различна методологија. Според нивното рангирање за 2026 година, Обединетите Арапски Емирати се на прво место со пристап до 179 дестинации, додека Сингапур и Шпанија се израмнети на второто место со 175 дестинации.

Најмоќните пасоши за 2026 година според индексот Хенли:
Сингапур (192 дестинации)
Јапонија, Јужна Кореја (188)
Данска, Луксембург, Шпанија, Шведска, Швајцарија (186)
Австрија, Белгија, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка (185)
Унгарија, Португалија, Словачка, Словенија, Обединети Арапски Емирати (184)
Хрватска, Чешка, Естонија, Малта, Нов Зеланд, Полска (183)
Австралија, Латвија, Лихтенштајн, Обединето Кралство (182)
Канада, Исланд, Литванија (181)
Малезија (180)
Соединети Американски Држави (179)

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Објавено пред

Од

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата, во анти ЕУ кампањата за изолација на земјата, во планот за предвремени избори и мигранти за пари, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

dobivaj vesti na viber

Тој обвинува дека „тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени, не сакаат реформи за ЕУ туку покритие за намерна изолација на земјата“.

„Им се брза, им ја откивме корупцијата, им ги разоткривме плановите за мигранти, нема пари во буџетот. Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија. Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем. Скандалот со ИПАРД 3 видовте, има и уапсен директор од ВМРО заради корупција и злоупотреба на европски пари. Можете да замислите што сè се случува во Министерството за земјоделство. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерството. Затоа не сакаат техничка влада“, вели Димитријевиќ.

Тој додава дека „злоупотребата на полицијата после целосната партизација е уште еден инструмент за притисок, сила, закани и уцени но и за заштита на криминалци“.

„Покрај оние 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета, 1,2 милиони евра тендри во Пошта може само да замислите што се прават. Не сакаат да има техничка влада – за опозицијата да не влезе и да не види што сè правеле“, рече Димитријевиќ.

Според него, техничката влада мора да остане затоа што таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори.

„Актуелната власт на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели. Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата“, рече Димитријевиќ и истакна дека СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми, да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија39 минути

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија54 минути

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија3 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет5 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет6 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија6 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет14 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа14 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија17 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа18 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет18 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет19 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија19 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија20 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија22 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија23 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија23 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија23 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија1 ден

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...