Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Средношколците во Прилеп учат во пристојни услови
Од 2006 година, па до денес, владата предовдена од ВМРО-ДПМНЕ инвењстира во образованието и може да се пофали дека средношколците во Прилеп, учат во услови кои ги заслужуваат, потенцираа на прес-конференција, од владејачката партија.
„Бесплатно образование и бесплатни учебници, изградба на нови училишта и спортски сали, реконструкција на веќе постоечките училишни објекти, повисоки плати за наставниците се само дел од успешно реализираните проекти од областа на образованието. Средните училишта во времето на владеењето на СДСМ беа целосно запоставени, без никаква реализирана инвестиција. Родителите многу добро се сеќаваат на тоа време кога нивните деца учеа во незатоплени училници, со стари и искршени клупи и столчиња, и кога часовите по физичко се реализираа во импровизирани училници наместо во спортски сал“, велат од таму.
Во СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу” извршена е замена на старите прозорци со нови ПВЦ прозорци и термопан стакло, поправен е покривот, поставена нова громобранска инсталација, термоизолациона фасада со што целосно се промени ликот на ова средно училиште, а беше изградена е нова спортска сала.
Во СОУ „Ѓорче Петров” целосно опремени се кабинетите за практична настава, а направено е и партерно уредување на училишниот двор, изградба на атмосферска канализација и нов влез, како и нова спортска сала.
„Инвестиравме и во другите средни училишта во Прилеп. Инвестиравме за целосно опремување на кабинети во СОУ „Орде Чопела”, реконструкција на постоечката котлара, промена на надворешната дограма и уште една нова спортска сала во СОУ „Ристе Ристески Ричко”. Во гимназијата „Мирче Ацев” извршено е опремување на училниците со нов школски инвентар, клупи и столчиња, направена е промена на дограмата“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Сметаат дека средношколците од Општина Прилеп, конечно учат во услови какви што заслужуваат./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран во текот на ноќта во близина на „Бетон хала“ во Белград, објави српскиот портал Блиц и уште десетици меидуми од таа земја.
Според информациите на медиумите, непознати сторители, по кои сè уште се трага, присилно го внеле пејачот во автомобил, барајќи откуп во износ од 20.000 евра.
Пејачот бил одведен до градот Рума, каде што, според пишувањето на Блиц, при обид полицијата да го запре возилото, киднаперите удриле во заштитна ограда покрај патот, излегле од автомобилот и побегнале.
Даниел Кајмакоски во Србија е познат како победник на првата сезона од регионалното музичко натпреварување „Икс фактор“. Во 2015 година ја претставуваше Македонија на изборот за Песна на Евровизија во Виена со песната „Лисја есенски“, но не успеа да се пласира во финалето.
Засега нема официјални информации од надлежните власти за случајот.
Македонија
Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“
Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со тужба против пратеникот Бране Петрушевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ, доколку не се извинат за, како што вели, континуираните лаги, навреди и клевети изнесени на негова сметка.
„Веќе пет години сум надвор од политиката, откако поднесов оставка од сите политички и државни функции. Пет години, речиси секој ден, ВМРО-ДПМНЕ, нејзиното раководство, портпаролите и медиумите блиски до нив не престануваат да се занимаваат со мене, ширејќи континуирани лаги, клевети и навреди“, напиша Заев.
Тој најостро ги отфрли тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека има каква било поврзаност со неодамнешниот случај за конфискација на медицински канабис, за кој се тврди дека бил неправилно складиран.
„Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста. Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа.“, нагласи Заев, додавајќи дека јавно бара извинување од пратеникот Петрушевски и од ВМРО-ДПМНЕ.
Во статусот, експремиерот се осврна и на други, како што ги нарече, измислици што партијата ги повторува – дека гради облакодери во Дубаи, дека вршел притисоци околу болницата на Жан Митрев и дека се меша во правосудството.
„Сите знаат дека никогаш не сум сакал да тужам. Се борев за слобода на говор. Никому не сум му се одмаздил за она што ми го направија на 27 април во Собранието. Но сега е доста!“, порача Заев.
Тој најави дека доколку не добие извинување во законски предвидениот рок, ќе поднесе тужба против Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

