Македонија
Во 2015 Антикорупциска решила 137 предмети
Државната комисија за спречување на корупцијата го презентираше јавно годишниот извештај што го поднела до Собраниеот за 2015 година, иако извештајот е доставен до Собрание уште во месец март.
Портпаролката Антонија Андонова-Тасевска презентираше колку предмети биле оформени, колку иницијативи се поднесени за кривично и прекршочно гонење. Во периодот јануари – декември 2015 година се оформени вкупно 124 предмети по пријава од граѓани, правни лица и предмети оформени по сопствена иницијатива на ДКСК за постоење елементи за корупција, стои во Извештајот. Во наведениот период, ДКСК постапувала по вкупно 273 предмети, а од нив решени се вкупно 137 предмети.Антикорупциска повела две иницијативи за кривично гонење пред Јавното обвинителство против директор на КПУ „Затвор Прилеп“ поради злоупотреба на службената положба и овластување. Според пријавата на ДКСК, директорот во 2011, 2012 и 2013 година овозможил установата да направи расходи над средствата одобрени со буџетот за посочените години и овозможил прибавување противправна корист за себе или за друг и нанесување штета на буџетските средства на установата.Втората иницијатива се однесува на поранешен градоначалник на Делчево и на други одговорни лица од Општината. Двете постапки се во тек, стои во Извештајот.Во текот на 2015 година, ДКСК постапувала и по финансиските извештаи на партиите кои учествувале на локалните избори во 2013 година.„Постапувајќи во согласност со чл. 178-а од Изборниот законик, ДКСК утврди дека 43 организатори на изборна кампања (односно 46 лица) не поднеле вкупен финансиски извештај и против нив, по спроведување на постапката за порамнување, поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред надлежниот суд. Во рамките на постапувањето по поведените прекршочни постапки, во периодот 1.1.2015 – 31.12.2015 година од Основниот суд Скопје I – Скопје, Оддел за прекршоци, се донесени осум пресуди со кои обвинетите – организатори на изборната кампања се огласени за виновни, за што е изречена прекршочна санкција и тоа:– во два предмети е изречена опомена– во шест предмети е изречена глоба.Антикорупциска била незадоволна од изречените санкции од страна на надлежниот суд во делот на видот и висината на санкцијата и поради тоа во три предмети изјавила жалба до повисокиот суд – Апелационен суд Скопје, поради погрешна примена на материјалното право и видот и висината на санкцијата.Во извештајната 2015 година, ДКСК, во согласност со законските надлежности, против седум избрани и именувани лица до надлежниот суд поднела барања за поведување прекршочни постапки поради недоставување анкетен лист, односно непријавување промени на имотната состојба. Во овој период по овие и по претходно поднесените барања, судовите донеле 19 одлуки.Од нив во девет случаи судот донел решенија за запирање на постапката затоа што обвинетите по спроведена постапка за порамнување го прифатиле платниот налог и постапиле по него.Во шест случаи судот донел пресуди со кои обвинетите ги огласил за виновни и им изрекол прекршочна санкција глоба. Вкупниот износ на изречените глоби од овие пресуди изнесува 2 950 евра во денарска противвредност.Во четири случаи судот донел решенија со кои обвинетите се ослободуваат од одговорност.Во 2015 година Антикорупциската комисија примила вкупно 437 изјави за интереси, од кои 68 изјави за интереси се од службени лица кои своите овластувања ги извршуваат во сферата на локалната самоуправа, 34 изјави од лица во областа на правосудството и 335 изјави за интереси од службени лица во органите на државната власт./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

