Македонија
Во Битола на Митровден измерени 29 степени Целзиусови
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/sirok-sokak-bitola.jpg)
Во Битола, во вторникот, на Митровден, измерени се 29 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Според соопштението, во Битола биле измерени 29 степени, 26 во Гевгелија и во Демир Капија, 25 во Струмица, 23 во Виница и во Тополчани, 22 во Штип и во Прилеп, 20 во Претор, Охрид, Берово, 19 во Крива Паланка, 17 во Тетово, 16 во Скопје, 15 во Ѓуриште, 14 во Лазарополе, Пожаране, а 12 во Маврово.
Наврнат воден талог за 9 часа, до 16 часот во Маврово е 40 литри, 34 Лазарополе, 30 Пожаране, 25 Скопје, Тетово, 21 Кр. Паланка, 9 Ѓуриште, 6 Охрид, 3 Виница, Штип, 2 Прилеп, Битола..
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од јужен правец, повеќе ќе биде изразен во јужните и западните делови од земјата.
Времето во среда ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Минимална температура од 10 до 15 степени Целзиусови, а максимална 11 до 18 степени.
Скопје, променливо облачно, со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со слаб до умерен ветер од јужен правец, со температура од 11 до 16 степени Целзиусови.
В четврток врмнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на планините ќе поминуваат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање./крај/ухмр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.