Македонија
Одбележани 110 години од раѓањето на Михаило Апостолски
Јубилејот 110 години од раѓањето на македонскиот воен теоретичар, народен херој, академик, научник, историчар, лидер и командант, генералот Михаило Апостолски, во вторник со пригодна свеченост беше одбележан во Домот на Армијата на Република Македонија.
Пред присутните гости прв се обрати деканот на Воената академија, полковник Орце Поповски кој истакна дека се чествува двоен јубилеј: 110 години од раѓањето на генералот Михаило Апостолски и 20 години како Воената академија го носи неговото име.
Полковникот Поповски во своето обраќање со осврна на значењето на Воената академија како високо образовна институција која од нејзиното формирање до денес произвела многу искусни кадри кои денес се на важни позиции во служба на Армијата, на Министерството за внатрешни работи, на Центарот за управување со кризи, на Дирекцијата за заштита и спасување и други државни институции давајки придонес во развојот на средината во која работат.
„Ако денес генералот Апостолски беше меѓу нас, тој ќе се гордееше со Воената академија, која претставува значајна воена високо образовна и научно истражувачка институција, која создава сестрано образувани кадри, силни и цврсти морални личности и примери за углед“, рече полковникот Поповски.
Генералот во пензија, Борис Стојановски и вд претседателот на Сојузот на борците на Македонија, Верка Бунтеска во своите говори се осврнаа на големината и значењето на легендарниот командант и стратег на македонската народно ослободителна војска, генерал Михаило Апостолски, за неговата посветеност и борба за слобода, борбата за опстанок, борба за социјална и национална слобода, борба за победа над фашизмот, кои денес се пример за помладите генерации.
Во знак на денешниот јубилеј, деканот на Воената академија додели плакети за соработка на началникот на ГШ на АРМ, на Сојузот на борците, на здружението на пензионирани генерали, на Националната установа, Ансамбл за народни игри и песни на Македонија, „Танец“ и на семејстово на генералот Апостолски.
Самиот крај на свеченоста беше одбележан со настап на Воениот оркестар на АРМ и Ансамблот за народни игри и песни на Македонија, „Танец“ со изведба на орото „Тешкото“.
На денешната свеченост присуствуваа високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, питомци од Воената академија, претставници од другите државни институции, академици, претставници од Сојузот на борци и др. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити-Вал: заедничка цел зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска беше домаќин на работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Килиан Вал.
Меџити и Вал разговараа за можностите за соработка во континуирано партнерство со цел унапредување на приоритетните реформи во согласност со заложбите на ОБСЕ.
Двајцата соговорници се согласија дека имаат за цел зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата, родовата еднаквост и зајакнувањето на младите, додека промовирањето на транспарентноста, човековите права и одржливиот развој за доброто на сите граѓани остануваат заедничка цел.
Меџити повтори дека е максимално посветен на напредокот на интеграциската агенда на земјата кон зачленување во Европската унија, како единствено решение и со масовна поддршка од граѓаните.
Македонија
(Видео) Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица
Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.
Одлуката беше донесена од страна на Советот на Општина Прилеп на вонредна седница.
Прилепскиот градоначалник Борче Јовчевски во своето обраќање рече: „Како градоначалник, како лекар, но пред се како човек утрово со тага ја примив веста за прераната смрт на нашите сограѓани, на еден прекрасен тим на специјалисти и медицински кадар. Еден тим кој животот го посвети во давање на помош и спасување на животи. Дури и на тој пат одеа да спасат животи. Прилеп и Македонија губат врвни луѓе, посветени на својата професија“, нагласи тој.
Несреќата се случила утрово при судир на автомобил во кое биле медицинските лица и товарен камион.
Македонија
Ковачки: Работите во судството се катастрофално лоши, потребни се оставки во судски совет, генерален ремонт и реизбор
„Работите во судството ни се лоши, катастрофално лоши и тоа е оценка на сите од надвор и од внатре“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Тој посочи дека поради нула ажурност на судовите резултатите се катастрофални.
„Резултатите се катастрофални со ажурност нула на судовите. Од одредени судови се праќаат по други, од едни апелациони подрачја во други се праќаат на испомош затоа што нема судии“, вели Ковачки.
Правдата генерално во Република Македонија, според него ја нема, судство, обвинителство, како што вели, „таа спрега е скапана и тука ние не може да направиме исчекор без генерален ремонт. Мора да имаме генерален ремонт и реизбор“, потенцираше Ковачки.
Тој е дециден дека сите во судскиот совет треба да си дадат оставки.
„Судски совет како што сега е поставен треба да си дадат оставки затоа што доведоа до тие 2% доверба“, укажа Ковачки.