Контакт

Македонија

Во четвртокот издадени потврди на 3.415 мигранти

Објавено пред

Во четвртокот од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 3.415 странски државјани, од кои 1.306 се од машки пол, 718 се од женски, 1.379 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 12 деца кои патува без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1624, Ирак-1.049 и Авганистан–742.  

dobivaj vesti na viber

Во периодот од 19-ти јуни до 24-ти декември, издадени се потврди на вкупно 366.002 странски државјани, од кои, 199.864 се од машки пол, 61.182 се од женски, 86.903 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.053 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-205.991 потоа Авганистан-90.174, Ирак-48.396, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514,  Алжир-453, Либан-434,  Нигерија-279, додека останатите се во помал број. 

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 24-ти декември, до Секторот  за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и  23  деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и  14  деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и  Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Манасиевски: СДС да каже што одработил Лазар Нанев во Судски совет за 120 илјади евра кои му ги дале од Еразмус +

Објавено пред

Од

 

dobivaj vesti na viber

СДС да каже што одработил Лазар Нанев во Судскиот совет за 120 илјади евра кои му ги дале од Еразмус +, Филипче ако заврши со пловењето може да даде одговор исто, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лазар Нанев е втор член на Судскиот совет по Наќе Георгиев, кој е фатен во коруптивна практика. Јавноста заслужува да знае, колку судии се унапредени, колку судии се поставени, а и колку се разрешени, со коруптивните одлуки на Нанев, и како тие влијаат на системот сега? Сепак, досега имаме само молк од СДС, зошто со европски пари купувале судии, молк и за тоа што барале за возврат. СДС и Заев, преку Лидија Димова, тогашна директорка на Агенцијата Еразмус +, доделиле грант од 120 илјади евра, на судијата Лазар Нанев, кој го добил проектот, преку неговата невладина организација која била составена само од едно лице, самиот Лазар Нанев. Имено, проектот кој бил дел од Европските фондови КА201, бил со главен фокус на училишното образование и вреден 120 илјади евра“, рече Манасиевски.

Тој праша дали СДС преку Нанев и подарокот во вид на грант од 120 илјади евра, си ги заштитиле своите сопартијци кои направиле криминал и дали самиот Нанев има ургирано да не се водат постапки против членови на СДС за кои јавноста се сомневала дека имаат направено одреден криминал?

„Жално СДС не е на власт, можеби и Коцевски ќе требаше да добие еден ваков грант. Шегата на страна, ваквите чекори на Заев и на СДС го уништија и партизираа судството, но и институциите. Сега кога криминалот на СДС, Заев и Димова излегува на површина, тие се најгласни. 7 години беа на власт, можеле преку Нанев да ургираат да ги апси нивните опоненти. Јавноста е свесна дека ако имало некаков криминал, СДС сигурно ќе апсеше партиски опоненти како што правеа со Гордана, со Миле или пак со Спиро. Со видео снимки и во раните утрински часови ќе влегуваа по домовите. Времето на ова криминално владеење на СДС, Заев и Филипче заврши. Во следните денови ќе продолжиме да објавуваме како СДС ја злоупотребуваше Агенцијата и зошто всушност тие се исплашени“, рече Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лефков: Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра?

Објавено пред

Од

 

dobivaj vesti na viber

Kако Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра? СДС и Филипче должат одговори, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ,Миле Лефков.

„Како Заев кој со години беше градоначалник, а потоа и премиер успеа со државната плата да ја купи луксузната јахта со која сега заедно со Венко Филипче плови по Егејското море? СДС и Венко Филипче мора да им одговорат на граѓаните како нивниот поранешен претседател Заев ја купил јахтата и со кои пари? И како со плата на државен функционер се станува мултимилионер?“, праша тој.

Според Лефков, уште поголема е дилемата кога малку ќе се подистражи, и ќе се дојде до податокот дека пловен објект од таков калибар има годишни трошоци за одржување, сервис, гориво и пристаниште кои на далеку ја надминуваат годишната плата на еден државен функционер каков што беше Заев.

„Венко Филипче не може да бега од одговори, неговата поврзаност со Заев не е само партиска, туку и приватна, тие имаат фирми на исти адреси, браќата нивни се влезени во заеднички бизниси, едноставно премногу е тенка границата меѓу двајцата. Венко Филипче и СДС да не се кријат. Народот чека одговори“, рече Лефков.

Прикажи повеќе...

Македонија

Меџити најави зајакнат мониторинг на загадувањето со нова опрема и технологии

Објавено пред

Од

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, при посетата на Централната лабораторија на Министерството, истакна дека ќе се спроведува зајакнат мониторинг на загадувањето на воздухот со нова опрема и технологии.

dobivaj vesti na viber

Лабораторијата е опремена со напреден инструмент ICP-MS во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој ќе овозможи прецизна анализа на тешки метали во почва, вода и воздух. Исто така, успешно е завршен процесот на реакредитација, при што лабораторијата доби нова четиригодишна акредитација, која опфаќа 20 аналитички методи, вклучително и мерење на бучава во животната средина и анализа на отпадни води.

„Во рамки на проектот ‘ЕУ за чист воздух’, лабораторијата е опремена со напреден уред ICP-MS во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој овозможува прецизна анализа на тешки метали во почва, вода и воздух“, нагласи Меџити.

Тој исто така информираше дека инсталацијата на опремата и обуката на персоналот ќе се реализираат во текот на месец септември, оценувајќи го овој чекор како значаен напредок кон зголемување на техничките капацитети и подобрување на квалитетот на еколошките податоци.

Меџити додаде дека во наредниот период, Лабораторијата ќе добие акредитација за нови методи, со што дополнително ќе се зајакнат нејзините капацитети.

Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање е клучна институција во системот за заштита и управување со животната средина во земјава и служи како техничко и научно тело за исполнување на законските и стратешките задачи за мониторинг на загадувањето и заштита на еколошките компоненти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД 

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на...

Свет2 часа

(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател...

Свет2 часа

(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред...

Македонија2 часа

(Видео) Ангелов: Најтешкиот пожар е во Јасен, кај Јегуновце изгубивме контрола над еден крак

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе од 30 пожари на отворен простор,...

Македонија3 часа

Владата: Од денес училишниот прибор со нови намалени цени од 10 и 15 проценти

„Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Имајќи предвид...

Свет4 часа

Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп – Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Во 6.45 часот...

Свет5 часа

Ким Џонг-ун одговори на писмото од Путин: „Воспоставивме единство на бојното поле“

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на...

Регион6 часа

(Видео) Пратеник претепан во Белград: „Ме удираа со шипки по главата“

Протестите што се одржаа низ цела Србија вчера вечер, беа обележани со високи тензии и низа инциденти. Во Белград, во...

Регион6 часа

(Фото/видео) Просториите на СНС во Нови Сад целосно демолирани во вчерашните протести

Вчера вечер, нови големи протести се одржаа на улиците на Србија, во сите поголеми градови. 21.20h nema vise sns prostorija...

Македонија20 часа

Алиу: Вработените во пералната на Клинички центар се вратија на работа, се бара решение преку преговори со приватната компанија

Во рамки на денешната посета на Клиничка болница Тетово, во одговор на новинарско прашање, министерот за здравство, Азир Алиу, информираше...

Македонија20 часа

Демократската партија на Турците го напушти „Европскиот фронт“, на локалните избори ќе настапи сама

Демократска партија на Турците на Македонија, соопшти дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври, ќе настапи...

Македонија21 час

(Видео) Драматично кај Јасен: Спречена катастрофа кога огнот се проширил кон блиските објекти

Голем е пожарот кој со денови беснее во ловиштето Јасен, а надлежните во повеќе наврати успеваат да го стават под...

Македонија21 час

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

Поранешната претседателка на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, официјално најави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар како кандидат на граѓанската политичка...

Свет22 часа

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американската влада вложува искрени напори за прекин на конфликтот во Украина сугерирајќи дека Москва...

Топ22 часа

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се огласи по објавите во српските медиуми за тројно убиство во Боливија, во...

Македонија23 часа

Пуштена клучката Подмоље, власта уверува дека на автопатот Охрид – Кичево се работи забрзано

Денеска е пуштена во употреба клучката Подмоље, која го спојува Охрид со Струга, како и Македонија со Албанија, информира потпретседателот...

Македонија23 часа

Откриена царинска измама со увоз на месо во висина од 7 милиони денари

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги при контрола на 21 увоз на месо од увозник открија царинска измама...

Европа1 ден

Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј...

Македонија1 ден

„Филипче да одговори дали јахтата на која плови со Заев е купена со пари од државни тендери“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„На лицемерието на СДС му нема крај. Додека на прес-конференции и преку соопштенија глумат загрижени за стандардот на граѓаните, нивниот...

Македонија1 ден

Активни два пожара на територијата на Македонија, под контрола ставени три

Центарот за управување со кризи извести дека во последното деноноќие, до 7 часот утрово на територијата на Македонија имало вкупно...