Македонија
Во недела снег, од понеделник многу студено време

Вренежи од снег коишто ќе бидат пообилни во ноќните часови најавуваат од Управат за хидрометеоролошки работи.Во југоисточните делови од земјава се очекуваат врнежи од дожд.
Се очекува на планините да се формира нова снежна покривка со висина од 20 до 40 см, со што вкупната снежна покривка значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен на повеќе места засилен југоисточен ветер.
Од понеделник, метеоролозите најавуваат студена воздушна маса од север која ќе предизвика променливо облачно и многу студено време, на места со повремени врнежи од снег и умерен северен ветер.
Минималните температури се очекува да достигнат и до – 17 степени во петок. Од понеделник натаму не очекуваат се постудени денови, во кои максималните температури ќе бидат под нулата./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Халкбанк“ донира 50.000 евра за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

„Халкбанк“ со донација од 50.000 евра уплатени кон наменскиот фонд од Црвен крст на Македонија, дава поддршка за семејствата на загинатите и повредените.
„Бескрајно жалиме за трагичната загуба на младите животи во Кочани… А нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме целосно опоравување и сила во овие тешки моменти“, напиша банката на нејзината „Фејсбук“ страна.
Македонија
Фатен со мито в рака и приведен раководителот на секторот урбанизам во Маврово-Ростуше

МВР денес го приведе раководителот на сектор урбанизам на Маврово Ростуше, со мито на рака.
„На ден 19.03.2025 година, ОСОСК, реализираше случај на поткуп при што лишен од слобода е Раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше. (Садредин Елезоски). Поткупот бил побаран и примен заради ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење на апартмани и сместувачки капацитети“, информираа од МВР.
Поткупот бил побаран во износ од 13.000 евра и требало да се исплати во неколку рати.
Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во УО во Скопје, откако истите биле претходно криминалистичко технички обработени.
Македонија
Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите вработени на подрачјето на Кочани во текот на утрешниот ден, кога ќе се случува погребот на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Истовремено, здравствените објекти, образовните институции и градинките да организираат вршење услуги согласно потребите, се наведува во заклучоците од владината седница.
МВР се задолжени за преземат безбедносни и сообраќајни мерки, а за медиумите изготвен е протокол – да бидат оддалечени на 300 метри од капелата за да се заштити приватноста на семејствата и безбедно да се следи погребот.