Македонија
Во неделата издадени потврди на 3.954 мигранти

Во неделата од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 3.954 странски државјани, од кои 1.552 се од машки пол, 812 се од женски, 1.579 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.666, Ирак-1.358 и Авганистан–930.
Во периодот од 19-ти јуни до 27-ми декември, издадени се потврди на вкупно 377.257 странски државјани, од кои, 204.344 се од машки пол, 63.562 се од женски, 91.262 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.089 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-210.668 потоа Авганистан-93.113, Ирак-52.035, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 27-ми декември, до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 27-ми декември евидентирани се вкупно 24 баратели на азил од кои 12 мажи, три жени и девет деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, девет баратели на азил ( три мажи, една жена, три малолетни лица со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)
Македонија
Претежно сончево, кон крајот на денот со зголемена облачност

Времето денеска, претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Додека Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, велат од СДСМ

Според СДСМ, она што се случува деновиве покажува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што e неспособна туку е во целосна конфузија.
Според оваа партија, додека премиерот Христијан Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, ја префрла вината врз граѓаните кои живеат покрај депониите.
„Јасно како ден е дека „хибридниот напад од странски центри“ е смешно алиби за неспособноста на Мицкоски и неговата влада. Мицкоски глуми жртва секој пат кога е фатен во неспособност да одговори на проблемите.
За овие 15 месеци имавме 5 различни и измислени сценарија, за дестабилзаиција, за странски служби, за дронови, за следење на премиерот и сега еве хибридни напади од надворешни центри на моќ.
Неспособност не може да се покрие со изговори, таа се гледа и граѓаните многу добро ја знаат затоа што ја плаќаат со најважното нешто, нивното здравје“.
Од оваа власт, додаваат од СДСМ, не видовме ниту едно решение за ниту еден проблем, затоа се изговорите.
„Резултатот на владата на Мицкоски е катастрофален: депониите горaт, воздухот не се дише, канцерогените материи се зголемуваат, а институциите се парализирани од лагите и изговорите на власта“.