Македонија
Во неделниот земјотрес се срушил кров од куќа, се запалила куќа, пукнале цевки
Кров од куќа целосно се срушил во скопското село Драчево, куќа се запалила во Чаир, пукнале цевки од топлификација во скопските населби Центар и Аеродром при земјотресот што се случи во недела во Скопје со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Министерството за внатрешни работи објави конечен извештај за штетите од најсилниот земјотрес што го потресе Скопје деновиве, а биле пријавени во Единицата за известување и команда при СВР Скопје.Во скопската населба Центар биле паднати кабли од бандера врз куќа, пукнати цевки од топлификација и поплавени простории во МРТВ, била прекината на електрична енергија и оштетени две патнички моторни возила. На подрачјето на Бит Пазар биле оштетени две патнички моторни возила, пукнале sидови и плафони во куќа, оштетен кров и таван од куќа. На подрачјето на Драчево пријавен ецелосно срушен кров од куќа, а во Чаир опожарена куќа. На подрачје на Аеродром поплавени простории од пукнати цевки за парно греење во три стана. На подрачјето на Кисела Вода, за време на земјотресот, од кров паднале неколку керамиди при што, при излегување од дома жена била повредена во глава, рамо и нога.Жената била однесена во Градската болница „Наум Охридски“ каде бил извршен лекарски преглед и каде биле констатирани телесни повреди по што лицето било пуштено на домашно лекување.„Во периодот од 18.00 до 19.00 часот, преставник од СВР Скопје (Единицата за известување и команда) присуствуваше на состанок со Градоначалникот на Град Скопје и Кризниот штаб, при што, согласно ситуацијата, не е побарано дополнително или засилено присуство на полицијата на терен, со исклучок на превентивно обезбедување на влезовите од медицинските установи-ургентни центри за непречено донесување на евентуално повредени лица“, соопштуваат од МВР.Како последица на земјотресите, утврдено е дека има оштетувања и на службени простории кои се во состав на СВР Скопје и тоа: во објекти на ПС ОН Бит Пазар, ПС за БПС, ПС Карпош, ПО Арачиново, објектот каде се сместени комисиите на ОУСН и ЕПОИ АЛФА и просториите во МРТВ каде е сместена ЕКРА. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

