Македонија
Во петокот издадени потврди на 3.275 мигранти

Во петокот од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 3.275 странски државјани, од кои 1.312 се од машки пол, 687 се од женски, 1.268 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште осум деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1305, Ирак-1.048 и Авганистан–922.
Во периодот од 19-ти јуни до 25-ти декември издадени се потврди на вкупно 369.277 странски државјани, од кои, 201.176 се од машки пол, 61.869 се од женски, 88.178 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 18.061 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-207.296 потоа Авганистан-91.096, Ирак-49.444, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.317, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 25-ти декември, до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лефков: Како Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра?

Kако Заев со државна плата стигна до јахта од 850 илјади евра? СДС и Филипче должат одговори, праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ,Миле Лефков.
„Како Заев кој со години беше градоначалник, а потоа и премиер успеа со државната плата да ја купи луксузната јахта со која сега заедно со Венко Филипче плови по Егејското море? СДС и Венко Филипче мора да им одговорат на граѓаните како нивниот поранешен претседател Заев ја купил јахтата и со кои пари? И како со плата на државен функционер се станува мултимилионер?“, праша тој.
Според Лефков, уште поголема е дилемата кога малку ќе се подистражи, и ќе се дојде до податокот дека пловен објект од таков калибар има годишни трошоци за одржување, сервис, гориво и пристаниште кои на далеку ја надминуваат годишната плата на еден државен функционер каков што беше Заев.
„Венко Филипче не може да бега од одговори, неговата поврзаност со Заев не е само партиска, туку и приватна, тие имаат фирми на исти адреси, браќата нивни се влезени во заеднички бизниси, едноставно премногу е тенка границата меѓу двајцата. Венко Филипче и СДС да не се кријат. Народот чека одговори“, рече Лефков.
Македонија
Меџити најави зајакнат мониторинг на загадувањето со нова опрема и технологии

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, при посетата на Централната лабораторија на Министерството, истакна дека ќе се спроведува зајакнат мониторинг на загадувањето на воздухот со нова опрема и технологии.
Лабораторијата е опремена со напреден инструмент ICP-MS во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој ќе овозможи прецизна анализа на тешки метали во почва, вода и воздух. Исто така, успешно е завршен процесот на реакредитација, при што лабораторијата доби нова четиригодишна акредитација, која опфаќа 20 аналитички методи, вклучително и мерење на бучава во животната средина и анализа на отпадни води.
„Во рамки на проектот ‘ЕУ за чист воздух’, лабораторијата е опремена со напреден уред ICP-MS во вредност од 160.000 евра, финансиран од УНОПС, кој овозможува прецизна анализа на тешки метали во почва, вода и воздух“, нагласи Меџити.
Тој исто така информираше дека инсталацијата на опремата и обуката на персоналот ќе се реализираат во текот на месец септември, оценувајќи го овој чекор како значаен напредок кон зголемување на техничките капацитети и подобрување на квалитетот на еколошките податоци.
Меџити додаде дека во наредниот период, Лабораторијата ќе добие акредитација за нови методи, со што дополнително ќе се зајакнат нејзините капацитети.
Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање е клучна институција во системот за заштита и управување со животната средина во земјава и служи како техничко и научно тело за исполнување на законските и стратешките задачи за мониторинг на загадувањето и заштита на еколошките компоненти.
Македонија
Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

Трикратно е зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови, при Одделението за оперативни работи на Секторот за контрола и истраги, во првите седум месеци од годинава. Вкупно од први јануари заклучно со 31 јули, спроведени се над пет илјади контроли, при што откриени се 199 прекршочни и кривични дела, извести Царинската управа.
Во овој период мобилните царински тимови запленија околу 100 илјади евра девизи, 455 штеки цигари, a откриени се и 27 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што запленети се над 26 илјади парчиња стока со потпис на заштитени трговски марки. Во борбата со сериозен криминал, меѓу најзначајните случаи е заплената на 188,6 килограми марихуана – заедничка акција со царинските службеници на граничен премин Богородица. Воедно, на влез во државата мобилните царински тимови спречиja обиди за криумчарење на 21 илегален мигрант.
Само во текот на изминатите денови, при контроли на стока пријавена за увозно царинење во царинска испостава Скопје 4 запленети се над 600 парчиња облека која не била пријавена со царинските документи. Воедно, при контроли на граничен премин Богородица, запленети се 27 штеки цигари без акцизни маркички, скриени во резервна гума на автомобил. Претходно, мобилен царински тим спречи обид за криумчарење 14 семки од канабис и 0,5 грама масло од канабис, како и обид за криумчарење на златен накит вреден 1,3 милиони денари, се наведува во соопштението на Царинската управа.
Од таму истакнуваат дека мобилните тимови остануваат еден од клучните механизми за заштита на финансиските интереси и безбедноста на државата.